Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Лавови, во месец мај внимавајте на вашите љубовни врски

Реклама

Некому месец мај носи многу изненадувања, но на Лавовите им носи мали љубовни проблеми.

ФОТО: guycounseling.com

За оние Лавови кои се во љубовна врска или брак, следи многу комплексен месец, особено неговата прва половина. Односот со партнерот ќе ви бара дефинирање, што е последица на тоа што имавте напорен период во кој доста проблеми се насобраа под површината и кои останаа нерешени. Во некои врски може да дојде до заладување на односите, до оддалечување, а некои пак за жал може да се соочат со прекинување.

Од друга страна, оваа енергија на некои претставници на овој хороскопски знак може да им донесе големи промени, па покрај сите ситуации, паровите ќе може подлабоко да навлезат во душата на другиот, па ситуацијата ќе направи некои да се одлучат за влегување во брак или пак за заеднички живот. Во секој случај, во која ситуација и да се наоѓате, мора да направите одредена граница, за да видите каде сте вие и вашиот партнер и во која насока одите.

Маркетинг

Вториот дел од месец мај ќе ви биде постабилен и ќе сфатите колку до сега сте донеле исправни одлуки и дали е потребно нешто да корегирате. Ако сте слободен претставник на овој знак, тогаш ќе бидете исполнети со многу шарени ситуации. Можно е обнова на стара љубовна врска, а можни се и нови познанства и заљубувања. Како и да е, во игра е голема страст и тешко ќе можете да им одолеете на вашите чувства.

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button