Мајките се најважните женски личности во животот на својот син. Патот од прашањето „Може ли да излезам надвор?“ до „Дали да ја прашам да се омажи за мене?“ е долг и возбудлив. Што би требало да знае секоја мајка на еден син?
Мајките треба да го научат својот син како да ги именува своите чувства. Тој ќе вика кога ќе биде фрустриран, кога ќе биде засрамен ќе плаче на страна. Треба да му дозволите неговото тело да реагира на емоциите, но исто така и да му објасните што е таа емоција и на кој начин би требало да ја изразува. Наведете му примери од други луѓе и нивни начини на изразување. Разговарајте за сопствените чувства, така што ќе научи да прави разлика помеѓу лутина, непријатност, разочарување и тага.
Научете го вашиот син како да ги извршува домаќинските работи, како да си испегла блуза, како да ги собере садовите. Можеби нема да сака да го прави тоа, можеби нема ни да има потреба во тој момент, но верувајте, еден ден неговата жена ќе ви биде благодарна.
Поттикнувајте го вашиот син да запознае жена која е убава благодарејќи на сопствената интелигенција, памет и одлучност. Вашиот син секогаш ќе се среќава со убави жени, но помогнете му да препознае колку жената може да биде ценета според својот талент и своите достигнувања, зборови и размислувања. И на крај, бидете му пример на вашиот син за тоа како треба да изгледа една достојна жена за него. Вие сте најважанта фигура во неговиот живот. Научете го на убави манири затоа што тоа го прави овој свет поубав.