Паста од сусам: Моќен лек кој помага при многу болести, но и при слабеење
Таанот или сусамовата паста е намаз кој се користи за подготвување многу јадења, но исто така го чува и здравјето на целиот организам. Овие предности ќе ги добиете ако ја внесете оваа состојка во вашата исхрана.
Намалување на лошиот холестерол
Благодарејќи на присуството на фитостерол во пастата, холестеролот ќе го држите под контрола.
Помага при слабеење
Поради тоа што содржи исклучиво здрави масти, оваа паста е одличен сојузник во губењето на килограмите. Поради големата количина протеини, долго време ќе бидете сити, што како резултат ќе имате помалку килограми после одредено време.
Ја стимулира работата на мозочните ќелии
Поради присуството на манган, калиум, како и омега 3 масни киселини, се забрзува развојот на нервното ткиво, се подобрува памтењето и концетрацијата.
Се препорачува за жените во менопауза
Благодарејќи на природните фитоестрогени во пастата, се намалуваат симптомите на менопауза и се регулира работата на хормоните. Би било добро да го користи секоја жена, затоа што се намалува ризикот од појава на рак на дојките и јајниците.
Го зајакнува нервниот систем
За да функционира правилно, на нервниот систем потребни му се витамини од групата Б кои се наоѓаат во сусамовата паста.