Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Молитва од мајката за синот: Господе, помогни ми да остарам со почитта од мојот син

Реклама

Сите сакаме нашите најмили засекогаш да останат наши мали слатки дечиња, но сепак, кога-тогаш секој ќе си го најде својот пат… Во продолжение прочитајте една молитва од мајка за својот син во која се чувствува огромна доза љубов.

ФОТО: freepik.com

Господе, ти знаеш со колкава леснотија на својот син му ја покажувам и му ја изразувам љубовта. Таква си ме создал, создадена сум да љубам. Иако би сакала тој засекогаш да остане мое слатко мало детенце, знам дека го создаде како маж на кој му треба почит. Без оглед на тоа колку ми е тешко, сакам од себе да го отпуштам тоа слатко детенце, препуштајќи го во твое водство.

Ниту еден син не треба да се држи до здолништето на својата мајка, туку со текот на времето треба да се осамостои. Гледам дека за неговиот здрав развој и осамостојувањето не придонесува само мојата љубов, туку и почитта кон него. Го прифаќам тоа како дел од Твојот план за неговиот живот. Иако се надевам дека нема да ја занемарам оваа вистина, помогни ми да остарам со почитта од својот син во денешно време кога сето тоа се заборавам.

Маркетинг

Помогни ми да не паднам под влијание на оние кои подметнуваат презир. Наместо тоа, Ти делувај на мене. Поучувај ме што значи почитта од и на детето кое ми го довери. Ми требаш за да знам што е најдобро за него. Отвори ми ги очите да видам кој пристап најдобро му одговара. И нему, а и мене сега ми треба охрабрување. Жал ми е за сите моменти кога сум пропуштила да го почитувам. Ти благодарам што секогаш ми простуваш.

Амин.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button