Тања Савиќ се врати на село во куќата на родителите: Сопругот не ѝ дава ниту развод ниту да ги гледа синовите?!
Дека нешто се случува во бракот на Тања Савиќ беше јасно уште кога се врати од Австралија и целосно се повлече од јавноста.
После низа расправии и кавги со сопругот Душан Јованчевиќ, Тања се врати во своето родно село Радинац кај родителите и тоа повеќе не го крие, туку напротив на социјалните мрежи објавува фотографии од дворот заедно со сестрата Билја.
“Тања и Душан не престанаа да се караат и се тргна наопаку, прво што настапите на Тања се откажаа, а потоа и Душан не можеше да го продолжи своето лекување од зависности. Има две недели како се скарани до таа мерка што Тања ги собра сите свои работи и отиде кај родителите во селото близу Смедерево“, вели извор.
„Главен проблем е што Тања не може да ги смири Душан, кој секој час некаде излегува и нешто завршува, а минатата недела дури и бил привден поради кршењето на полциискиот час. Тања се одлучила да сврти нов лист, па го напуштила станот. Душан првично не и дали да ги однесе децата, но потоа сам ги донел во Радинац, по што повторно дошол по нив и ветил дека набрзо ќе ги врати“, додава изворот близок до семејството.
„Бидејќи не го направи тоа, Тања го повика, но тој и рече дека таа ќе мора да се врати и да продолжат да живеат заедно зошто тој синовите не ги дава. Тања веднаш се спакувала и дошла во Белград, каде затекнала празен стан. Кога сфатила дека ги нема детските пасоши, толку испаничила што се јавила во полиција и го пријавила нивното исчезнување. Се исплашила дека можеби Душан ги однел децата во Австралија и нема да може да ги гледа, но во меѓувреме тој се јавил и се потврдило дека само за џабе кренала паника. На крајот двајцата пријавиле обивање на станот, по што Тања се вратила кај родителите но без децата“.
„Гледам дека Тања е решителна дека не сака повеќе од него да трпи притисок. Единствено се грижи за синпвите. Душан не сака ни да слушне за развод и по секоја цена гледа да го зачува бракот. Едно е сигурно, а тоа е дека Тања повеќе нема да ги трпи неговите испади“, вели извор за познатиот српски естраден магазин.