Состојба со пандемијата од коронавирус: Рекорден број на жртви во Русија во еден ден, во петок Австрија ја укинува вонредната состојба
Во светот од коронавиурс се заразени 3.064.902 лица, а од инфекцијата животот го загубија 211.611 лица, додека пак опоравени се 922.624.
Најмногу заразени има во САД, 1.010.507, како и жртви 56.803, додека опоравени се 139.162 лица.
Потоа следува Шпанија со 229.422 заразени и 23.521 смrтни случаи, и Италија со 199.414 заразени лица и 26.977 жртви.
Франција има 165.842 случаи на коронавирус и забележани се 23.293 смрtни случаи, а Германија има 158.758 заразени и 6.126 жртви.
Во Велика Британија потврдени се 157.149 случаи на коронавирус, а жртви има 21.092 лица. Во Турција се заразени 112.261 лица, а од инфекцијата животот го загубија 2.900 лица.
Во Иран се потврдени 91.472 случаи на Ковид-19, а жртви има 5.806, додека во Русија се регистрирани 87.147 случаи на коронавирус и ја претрка Кина во која се забележани 82.836 случаи на зараза.
Во Русија најголем број на заразени и жртви за едно деноноќие
Русија ја помина Кина по бројот на заразени од коронавирусот, а во последните 24 часа забележан е рекорден број на новозаболени, но и најголем број на жртви во еден ден.
Коронавирусот инакау, е забележан кај уште 6.411 лица, така што вкупниот број се искачи на 93.558.
В России за последние сутки выявили 6411 новых случаев заболевания коронавирусом. #новости #россия #коронавирус https://t.co/sDm49F5vib
— Мир 24 (@Mir24TV) April 28, 2020
Починаа 72 лица во еден ден, и вкупниот број на жртви во Русија се искачи на 867.
Бројот на случаи од коронавирусот во Москва се зголеми за 3.075 и се искачи на 48.426, соопшти денеска кризниот штаб.
Вонредната состојба во Австрија завршува на 30 април
Австрија нема да ги продолжи рестриктивните мерки и ограничувањето на слободата на движењето по 20 април.
– Општите мерки за карантин во Австрија истекуваат на крајот на април, изјави министерот за здравство Рудолф Аншобер.
Тој додаде дека ќе биде дозволено собирање до 10 луѓе, а главбото барање во јавноста ќе биде да се почитуваат правилата за дистанцирање.
Австрија минатата недела ги отвори продавниците кои не се неопходни, додека бројот на заболени од коронавирусот достигна 15.272, а досега има 549 жртви.