Најново откритие: Постои детски синдром на коронавирусот, еве кои се симптомите
Претставниците на Министерството за здравство на Велика Британија испратија предупредување до лекарите дека расте бројот на случаи кога деца се јавуваат во болница со болки во стомак и проблеми со срцето, што може да биде поврзано со коронавирусот, наведува хуманитарната организиција.
– Последните две недели забележан е пораст на бројот на случаи со мултисистематско воспалениско заболување кај деца од сите возрасти на кои им е потребна интензивна нега во Лондон, како и во другите региони од Велика Британија. Во сите случаи постојат значи симптоми на токсичен шок и атипична форма на синдромот кавасаки со индекси на крвта кои не можат да се споредат со тешки случаи на ковид-19 кај деца, се наведува во писмото.
Како што наведуваат експерти, болните деца имаат болки во стомакот, гастроинтестиранални симптоми и воспаление на срцевата марамица. Кај некои корона-тестот е позитивен, а кај некои не е, а постојат знаци дека некои деца развиеле антитела против вирусот.
Инаку, досега во светот се заболени над 3 милиони жители, додека животот го загубија 207.894 лица. Од последиците на заразата со коронавирусот досега се опоравија над 888 илјади луѓе.