Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Важна им е само вистината: Овој хороскопски знак важи за најискрен

Реклама

Иако важат за егоистични, груби, па дури понекогаш и агресивни, Овните ги краси една од најголемите човекови доблести, а тоа е искреноста. Тие своето време никогаш не го трошат на измислување приказни, затоа што на крајот сфаќаат дека вистината е наједноставниот пат. Затоа, не сакаат да се разочарат себеси, а ниту пак другите луѓе.

ФОТО: unsplash.com

Многумина мислат дека Овните се многу искрени затоа што сакаат да ги повредат другите, меѓутоа, тоа не е вистина. Нивниот нагон за зборување на вистината е вроден и тие сметаат дека секоја лага е груба и беспотребна. Можеби понекогаш ви е поубаво да слушнете разубавена верзија на некоја приказна, но ако веднаш ја дознаете целата вистина, подоцна нема да ве шокираат неугодните изненадувања, па веднаш ќе знаете на што сте. Токму тоа е целта на искрените Овни.

Никогаш нема да мора да погодувате што се врти во главата на жената Овен, зашто  таа секогаш ќе ви кажува се’директно во лице. Најбрзо ќе го изгубите нивниот интерес ако ја игнорирате нивната силна волја и неоспорлива самодоверба. Овните никогаш нема да прифатат помалку од она што го заслужуваат и живеат според правилото СЕ’ ИЛИ НИШТО. Ако не сте спремни целосно да им се посветите на овие личности, подобро не започнувајте врска со нив !

Маркетинг

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button