Еве како изгледала вистинската Хурем Султан, фаталната жена од Османлиското Царство
Хацеки Хурем султана е, омилената жена на османлискиот султан Сулејман и негова венчана сопруга засекогаш овековечена во бројни уметнички дела како и во позната ТВ серија „Сулејман Величествениот“.
Била мајка на шест негови деца – Султанот Селим II, наследникот Сулејман I, Михримах Султанката како и на принцовите Мехмет, Бајазит и Џихангир.
Се смета за најмоќна жена во Османлиското царство и една од најмоќните во историјата на човештвото. Вршела и големо влијание врз политиката на Османлиското царство и играла водечка улога во државните работи.
На малите екрани засекогаш ја овековечија две актерки – Мерјем Узерли и Вахиде Перчин, а еве што историските извори говорат за оваа моќна и тајновите жена од турската историја.
Убавата Рокселана
Нејзиното вистинско име и детството не се сосема познати. Се претпоставува дека се вика Анастасија или Александра. Била по потекло од Полското Кралство, од територијата на денешна Украина.
Како и многу нејзини сонароднички, за кои во Цариград (Истанбул) имало голема побарувачка, Рокселана била или украдена робинка или била продадена од родителите (честа појава во Русија) и така како бело робје однесена во Османлиското Царство.
Ибрахим – паша, како благодарност на својот пријател султанот Сулејман му ја подарил младата Рокселана. Таа се нашла во харемот кој имал 300 робинки, но сеедно брзо дошла до Султанот и станала негова миленичка и придружничка до крајот на животот.
Како изгледала?
Рокселана имама огнено црвена коса. Опишана е како нежна, витка, драга и магична. Покрај тоа била и многу интелигентна, мудра и весела, се смеела и се шегувала.
Нејзината харизма ги привлекувала сите во харемот, поради што набрзо го добила името „Хурем“, што значи „насмеана“. Сулејман Величествениот веројатно го завела со интелигенција, духовитотс и многу страсната природа.
Ликот на султанијата Хурем ги инспирирал уметниците со векови. Црвенокосата убавица со нагласени облини која ја буди фантазијата. Така главно ја прикажуваат бакрорезците и платната на сликарите од средниот век.
За ваквата слика бил заслужен извесен Мелкиор Лорикс, кој пет години поминал во Цариград во придружба на Хабсбуршкиот пратеник. Во своите патеписи тој ја опишува Рокселана токму онака како што потоа умениците ја сликале, а писателите доловувале, вклучувајќи го и Шекспир.