Реклама
Вирално

Ново жариште во Кина – Студент кој заразен допатува од Њујорк стави во карантин 10 милионски град

Реклама

Нови построги карантински мерки усвои кинескиот град Харбин во кој живеат 10 милиони граѓани откако таму повторно се појави епидемија од коронавирус.

Кон мерките е пристапени откако е откриено новиот бран зараза ја покренал студент кој се вратил од Њујорк и заразил над 70 луѓе.

Во градот се забранети собири на граѓани и внимателно се следат посетителите кои не се локални жители и возила од градот.

Маркетинг

Поставени се контролни пунктови на аеродромот и железничките станици за да се прегледаат оние кои влегуваат во градот.

Веста пристигна во моментот кога Кина официјално објави дека во Вухан, поранешниот центар на епидемијата, останале само двајца пациенти во критична состојба.

Маркетинг

Харбин кој е главен град на провинцијата Хилунгџонг на североистокот од Кина, се соочува сега со најголемата епидемија од коронавирусот во земјата.

Владата вчера ја објави директивата со инструкции до граѓаните, посетителите и влезниот сообраќај.

Пред влегувањето во било кој јавен објект и станбен комплекс на луѓето им е наложено да користан здравствена апликација за да докажат дека немаат вирус, им се мери температура и мора да носат маска на лицето.

Жителите на Харбин мора да ги спроведуваат мерките за социјална дистанца, а венчавките, погребите, јавните настапи и конференциите се забранети.

Сите потврдени, сомнителни, асимптоматски случаи и луѓето кои биле во контакт со нив ќе бидат ставени под строг карантин.

Сите нивни соседи во зградата мора да бидат изолирани дома две недели со непрекинат надзор.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button