Реклама
Наши ѕвезди

Велигден во домот на Јелена Карлеуша – Пејачката покажа како се празнува како кралица во магичен двор од бајките

Реклама

Карантинските денови популарната балканска дива Јелена Карлеуша ги поминува со сопругот и ќерките во луксузната вила на Дедиње.

За велигденските празници пејачката се потруди со украсувањето и едноставно создаде мал рај. Во декорацијата освен традиционалните велигденски јајца обоени во необични бои, се јавуваат и свеќи, зајчиња и овчички, цвеќиња. Она што е интересно, е дека на нејзината трпеза се појавија и декорирани јајца од ној.

https://www.instagram.com/p/B_LCF_th7fd/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

И за сето тоа да не биде незабележано се потруди снимките да ги објави на Инстаграм на кои се гледа дека семејството ѝ е цело и дека уживаат во празниците.

Интересно е што на снимките го има моментот кога сопругот Душко Тошиќ и ќерката Ника се кршат со јајца и малечката наследничка овој пат го победува својот татко со украсените ноеви јајца. Претходните години Карлеуша ја засмејуваше публика со снимките како малечката Ника плаче и се лути откако изгубила во традиционалниот празничен натпревар на кршење со јајца.

Маркетинг

-Кој ќе победи, добива голема парична награда и станува цар на Балканот во кршење јајца. Сите навиваат за мојата Никица, натпреварот може да почне – истакна Јелена пред кршењето, а потоа таа и Ника го прославија овој мал успех.

Она што е сосема во нејзин стил е гардеробата која ја избра при семејниот ручек во дворот на нивната вила. Имено Карлеуша излезе дотерана како за на бал, со што ја надополни сликата за прослава од бајките.

Таа се појави во портокалов долг фустан достоен за црвен килим, со многу провокативен дизајн кој ги истакнува нејзиното тело и долгите нозе, а брановидната коса и шминка само ја комплетираа сликата дека Карлеуша изгледа секогаш беспрекорно. Дека е вистинска кралица во својот дом покажа и со едно посебно јајце во сина боја украсено со нејзините иницијали.

Дека кралицата од скандалот сака секогаш да биде ин покажува дека во овие денови на карантин, Карлеуша не престанува да изгледа гламурозно и тоа го покажува на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/B-4wdzVgiki/?utm_source=ig_embed

Освен велигденскиот фустан, деновиве таа објави и фотографија на која е во долг жолт фуста во сирена стил, и нормално провокативно деколте. Јелена има долга рамна коса украсена со аксесоар во форма на перо и гордо позира на сонцето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button