Ние сме научени да тежнееме кон совршенство, а кога нашите очекувања нема да се исполнат, тогаш се разочаруваме и прекинуваме да го следиме својот пат. Дали се препознавате во ова?
Ако вашиот одговор е потврден, тогаш најверојатно треба да научите повеќе да се толерирате себеси и да ги прифатите своите мани и несовршености. За да успеете, мора да ги прифатите и да ги прославите вашите мани. Така ќе го намалите стресот и ќе ја зголемите својата самодоверба. Ако постојано се обвинувате за нешто што не сте успееле да го постигнете, тогаш ќе бидете под постојан стрес и ќе си предизвикате големи проблеми.
Обидете се да го промените начинот на размислување. Не треба да мислите дека секој неуспех е слабост. Не, напротив. Тоа е само тест кој прави да се искачите едно скалило погоре, а дали ќе го направите тоа зависи од вас самите и од начинот на кој ги прифаќате работите.
Наместо постојано да сте во брзање за да стигнете до своите цели, обидете се попатно да направите некоја пауза, да си го признаете неуспехот и да прифатите дека имате уште шанси во животот. Не обидувајте се да ја импресионирате околината и да ѝ ги исполните очекувањата. Не дозволувајте социјалните мрежи да ви го диктираат режимот на вашиот живот. Прифатете ја убавината на несовршеноста како нормален и природен дел од секојдневниот живот. Обидете се уште утре, а резултатите ќе ги согледате во најбрз можен рок!