Внимавајте од љубомората на овие три хороскопски знаци
![](/wp-content/uploads/2020/02/taga-ljubov.jpg)
Љубомората и љубовта одат неразделно од љубовта. Таа може да ја уништи врската, но не е добро ни ако не постои.
Овенот прави сцени
Жените Овни имаат проблем со апсолутната доверба, поради што внимателно го следат секој чекор на своите партнери и ги анализираат. И доколку се појави само сомнение тие веднаш реагираат импулсивно и моментално, без оглед на тоа каде се наоѓаат и кој е во нивно друштво.
Жената Овен исто така од својот партнер бара апсолутна доверба и прво место. Тој презира лаги и лицемерство и поради тоа може да стане многу љубоморен, а со тоа дополнително се зголемува недовербата и несигурноста.
Бидејќи се каприциозни, и темпераментни, од припадничките на овој знак може да се очекува сешто – од фрлање чаши и чинии, до гаѓање со прстен, па дури и закани.
Лавици со повредено его
Припадничките на овој знак се многу склони кон љубомора, но таа не е толку незгодна како кај другите знаци и често изгледа само како потврда на нивната љубов.
Припадничките на овој хороскопски знак најчесто се љубоморни поради повредена гордост, прекумерни очекувања од партнерот или од страв дека тој не ги сака доволно. А од неверствата повеќе се плашат поради повредата на своето его, отколку поради предавство на љубовта.
Па, кога една Лавица „рика“, тоа е поради изгубена моќ, а не поради изгубена љубов. Кога ќе пронајдат причина за љубомора, тие ќе бидат длабоко повредени, посебно заради својата повредена гордост или поради стравот дека не се доволно сакани или почитувани од своите партнери.
Скорпиите се најљубоморни
Скорпиите се најљубоморниот знак во хороскопот, иако и меѓу нив постојат исклучоци. Тие зрачат со љубомора.
Во суштина, при изразување на љубомора воопшто не се тактични, не бираат зборови, а едноставно може да почувствуваат дека партнерот ги издал. Тие се љубоморни на секој кој ќе застане во близина на нивниот партнер. Многу се чувствителни и затоа тешко ги контролираат своите длабоки емоции, вклучувајќи ја и љубомората.
Тешко дека отворено ќе ја признаат љубомората со зборови, но таа јасно ќе се види на нивното лице.
![](/wp-content/uploads/2019/02/ljubov.jpg)
За нив љубомората НЕ постои
Сепак, астролозите тврдат дека постоојат и хороскопски знаци кои не се склони кон љубомората.
Еден од нив е Стрелецот. За него се вели дека е чудно што воопшто сака воопшто да биде во врска, затоа што во животот најмногу ја цени слободата. Затоа, кога се приврзува кон некого, тоа исто така значи дека премногу се грижи за врската за да ја расипе со љубомората.