Реклама
Вирално

Истражување кое го вознемири светот: Поради загадувањето на воздухот има толку жртви од короната

Реклама

Истражувањето спроведено во САД покажа дека малку почистиот воздух на Менхетн во минатото сега  би можел да спаси стотици животи.

Загадувањето на воздухот е поврзано со значително со високата стапка на смртност на заразените од коронавирусот, покажа анализа. Таа докажува дека дури и малиот пораст на нивото на загаденост во годините пред пандемијaта е поврзан со порастот на смртноста од 15 отсто.

Со оглед на големите разлики во нивоата на токсичниот воздух меѓу земјите, ситражувањето сугерира дека луѓето во загадените области е далеку поверојатно дека ќе умрат од коронавирусот отколку оние кои живеат во чисти подрачја, пренесува Гардијан.

Маркетинг

Научниците наведа дека лошиот воздух евеќе познат како нешто што го зголемува ризикот од респираторни и срцеви заболувања.

Во одвоен извештај научниците од Италија забележале висока стапка на смртност посебно на северот од земјата и сметаат дека тоа е во корелација со највисоките нива на загаденост на воздухот.

Маркетинг

Научниците наведуваат дека нивните откритија би можеле да бидат упоребени за да се осигура дека подрачјата со високо ниво на загаденост да преземат дополнитени мерки на претпазливост за да се забави ширењето на вирусот и да распоредат дополнителни ресурси.

Загадувањето на воздухот веќе падна поради воведните мерки, но научниците наведуваат дека обезбедувањето на чист воздух во иднина би можело да ја намали смртноста од Ковид-19.

Студијата која ја спроведоа истражувачите од Харвард школата за јавно здравје од Бостон го анализираше загадувањето на воздухот и смртноста од коронавирусот до 4. април во 3.000 американски окрузи, покривајќи 98 отсто од населението.

– Откривме дека зголемувањето од само 1 μg/m3 честички  PM2,5 поврзано е со зголемување на стапката на смртност за 15 отсто, заклучи тимот.

Студијата ги зема во предвид и другите фактори како стапката на сиромаштија, пуштењето цигари, бројот на тестирања и слободните кревети во болница. Исто така, од анализите изземен е Њујорк, кој има многу повеќе случаи од останатите држави, како и оние окрузи каде смртнсота од коронавирусот е помала од десет.

vozduh-Претходните искуства покажаа дека изложеноста на загаден воздух е значително го зголемува разикот од смртност во текот на пандемијата од САРС во 2003 година. Така што мислиме деа нашите резулатати се конзистентни со тие наоди – рече Рејчел Нетери, членка на истражувачкиот тим од Харвард.

– Овие сознанија можат да ни помогнат да го поттикнеме населението кое е изложено на загадување да преземе дополнителни мерки, како и да се издвојат повеќе средства за смалување на ризикот од смртност од ковид-19. Веројатно дека ковид-19 уште долго ќе биде присутен во нашите животи, и покрај нашите надежи за вакцина и лекови. Во контекст на ова, би можеле да  разгледаме дополнителни  мерки за да се заштитиме од изложеноста на загадувањето за да се намали смртноста од Ковид 19, рече Сиао Ву, исто така член на Харвардскиот тим.

Друга студија, објавена во италијанското списание “Environmental Pollution”, заклучи дека високиот степен на загадување во северна Италија би можел да се смета за дополнителен фактор за високата смртност од коронавирусот во тоа подрачје.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button