Овие европски земја ги олабавуваат мерките против коронавирусот – ќе ја будат заспаната економија
Од понеделник словачката влада планира да ја информира јавноста за планот за нормализација на работата на трговските и услужните објекти кои принудно беа затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Олабавувањето на мерките во Словачка го најави премиерот Игор Матович.
-Целта на Словачка е да заштити 70 отсто од економијата која се бори против ефектите на епидемијата на коронавирусот, па процесот на отворање на трговските дејности мора да биде внимателно планиран, изјави Матович.
Во Словечка се регистрирани 835 случаи на ковид -19, а од оваа болест починаа две лица.
За олабавување на мерките размислуваат и другите европски земји.
Чешка ги отвора продавниците и рестораните
Вчера владата на Чешка објави план за постепено отворање на продавниците и рестораните во следните седум недели при што помалите продавници ќе се отворат на 20 април, а поголемите продавници на 11 мај, додека рестораните и трговските центри на 8 јуни.
Истовремено со постепеното отворање на чешките продавниците во нив треба да се почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
Чешка е земја која меѓу првите во Европа прогласија вонредна состојба во март, некои од најстрогите мерки за ограничување на јавниот живот, ги донесе уште кога бројот на заразени беше помал од 200.
Понатаму, планот на чешката влада предвидува и отворање на училиштата, претежно за испити, додека традиционалното школување нема да започне пред почетокот на новата учебна година во септември.
Италија живнува, се отвораат книжарниците и продавниците за бебиња
Во Италија со последните мерки дозволено е повторно отворање на книжарниците, стационарните продавници како и продавниците за бебеиња, под услов да можат да ги одржуваат истите мерки на социјално дистанцирање и санитарни мерки кои се бараат и за супермаркетите.