Реклама
Вирално

Предлагаме сите медицински сестри кои се грижат за заболените од коронавирус да бидат наградени – дали се согласувате со нас?

Реклама

Отворено писмо до министерот Филипче

Решивме преку отворено писмо да испратиме апел и предлог до министерот за здравство Венко Филипче веднаш да донесе одлука за наградување и надомест на нашите доктори, медицински сестри и техничари и сите други здравствени и немедицински кадри кои директно се грижат за пациенти кои се болни од новиот коронавирус.

Маркетинг

Ова е отворено писмо кое преку нашиот медиум му го праќаме на министерот за здравство, Венко Филипче.

Со ова го замолуваме нашиот министер и одговорните во владата на Република Македонија да размислат за стимулација на нашите доктори, медицински сестри и медицински техничари – нашите херои од оваа пандемија, да бидат наградени во барем во еден мал сегмент во оваа тешка ситуација кога тие го ставаат здравјето на нацијата пред своето и на нивните семејства. Нашиот предлог е да се наградат сите здравствени и останати професионалци кои работат во респираторни и ковид-19 центрите низ цела Македонија, но и да се размисли за покачување на платите на сите здравствени работници, тргнувајќи од медицинските сестри и техничари кои во овој момент, според нас, навистина имаат ниски примања. Исто така, во оваа ситуација, го користиме ова отворено писмо и да испратиме апел, односно еден вид поддршка и до сите останати лица кои се грижат за нашата безбедност во оваа ситуација – војската, полицијата, пожарникарите и сите останати вработени професионалци во овие служби, исто така да добијат награди, а во доследно време и линеарно покачување на своите плати.

Маркетинг

 


Не треба да заборавиме дека сите тие, пожртвувано, преку своите постапки и професионализам, придонесуваат во спречувањето на ширењето на вирусот корона, а најмногу од сите медицинските сестри и техничари и сите други здравствени работници кои се во првите борбени редови на сите нивоа на здравствена заштита во нашата земја.

Медицинските сестри и техничари претставуваат најголема група на здравствени работници, и со тоа најголем дел од товарот на националната криза лежи токму врз нив, и тоа МОРА веднаш да биде наградено.

Сметаме дека новото последно зголемување на здравствените работници, лекари, медицински сестри и здравствени работници, како и на младите лекари и на помошниот технички персонал што го добија од февруари годинава, не е доволно, и на сите, покрај наградите за оние што директно се вклучени во борбата против Ковид-19, во најбрзо време линеарно да им бидат зголемени и платите за уште 10 отсто.

Тимот на Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button