MAMAКафе муабет

Пегави шарени јајца: Една поинаква техника за бојадисување која ќе ви даде совршен резултат

Advertisement

Претворете ги обичните јајца во вистински мали уметнички дела!

ФОТО: Youtube Printscreen

Техниката е многу едноставна, па во неа може да учествуваат и децата. Уште една предност е и тоа што е поволна, не ви треба некој специјален материјал, а ефектот е воодушевувачки. Еве кои состојки ви се потребни за овие пегави јајца:

Advertisement
  • 12 хартиени чаши
  • една дланка суви житарки, оревкасти плодови…
  • боја за бојадисување јајца
  • алкохолен оцет
  • тврдо варени јајца

Начин на подготовка: Обојте ги варените јајца во посакуваната боја и оставете ги да се исушат. Во хартиени чаши ставете ги оревкастите плодови и житарките, така што во секоја чаша ќе ставите различни. Во секоја чаша додајте од 10 до 15 капки боја за јајца, па протресете ја секоја чаша за бојата добро да се разлие.

Вареното јајце ставете го во чашата и протресете ја, додека јајцето е внатре, за да се направи ефект на прскање. Исушете ги јајцата на стапчиња на стиропор или на некое друго место каде што нема да допира целото јајце врз површината, со цел да го зачувате ефектот на прскање.

Во продолжение погледнете го и видеото за појасна да ви биде постапката.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button