Христијаните веруваат дека мајчината молитва избавува од секакво зло, чува од лоши дејства и ги упатува своите потомци на еден единствен и вистински пат.
Молитвените зборови изговорени од устата на една мајка никогаш не можат да бидат празни и изговорени само колку да поминат од ред. Мајките со тоа обраќање кон Бога секогаш ја искажуваат својата безусловна мајчинска љубов и совршено чистата вистина. Во продолжение прочитајте една кратка молитва од мајките за своите деца, со која го молиме Бог да ни даде мудрост и сила да издржиме во борбата со потешкотиите во животот и да ги извадиме нашите деца на вистинскиот пат.
Свети Оче, ти кој си бесмртен и од кој излегува сета добрина и благосостојба, искрено ти се молам за моите деца кои ми ги подари. Сочувај ги во својата милост и светост, за во нив да се прославува Твоето име. Упатиме со твојата милостина како да им помогнам да те слават Тебе, а во корист на другите луѓе. Подари ми ја потребната сила, но и потребното трпение.
Драг Господи, просветли го разумот на моите деца со Твојата мудрост, да научат со душата и со мислите да те сакаат Тебе. Всади и страв во нивните срца, но и одвратност кон секој порок, да можат да одат кон вистинскиот пат, без грешки.
Украси ги нивните души со чистина, добрина, понизност, трпение и секаква доблест. Чувај ги нивните усни од секакви клетви и лаги. Благослови ги моите деца, да можат да напредуваат и да растат под Твојата заштита, а во љубовта да бидат искрени и верни. Нека нивните ангели чувари бидат со нив и да ги чуваат во младоста од секакви зла и нечисти духови. А кога моите деца ќе згрешат пред Тебе, не свртувај го своето лице од нив, туку биди милостив, затоа што Ти си единствениот кој ги чистиш луѓето од секаков грев.
Амин.