Во последните 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот.
По градови: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга – 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 273Куманово – 143Дебар – 49,Штип-20, Прилеп –46, Тетово – 30, Струга – 30, Велес – 18, Битола –8, Охрид –3, Кавадарци – 3, Гостивар –4,Гевглелија – 4,Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19, Пробиштип – 1.
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Од нив преку ИЈЗ-194, преку Ветеринарен факултет –8, Авицена –19 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.
Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне инормираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ.