Мајчината душица е една од најчесто користените лековити билки. Се употребува речиси за се’, од лечење на настинки, до ублажување на разни воспаленија.
Мајчианта душица заслужено ја добива популарноста и почитта во народната медицина. Оваа билка нема ниту една штетна, токсична состојка, па може да се пие без ограничување, во неограничени количини. Мајчината душица ви помага и да ја одржувате убава вашата кожа. Докажано е дека 66,5% од лицата со егзема успешно биле излекувани со крем кој содржел 3% етерично масло на мајчина душица.
За да успее оваа билка, потребно ѝ е многу топлина и сонце. Се бере преку целото лето, на мирно, топло и сончево време, од 10 часот претпладне до попладневните часови, затоа што во тоа време најмногу мириса. Исто така мајчината душица можете да ја користите и како купка за капење. Во када со топла вода ставете околу 100 грама мајчина душица. Пожелно е и за децата да бидат во оваа бања околу половина час пред спиење. На многу малечки овој начин им го вратил здравиот сон. Зошто да не се обидете и вие? Немате што да изгубите.
Совет плус: Она што треба да го запаметите при подготвувањето чај од најчина душица е никогаш да не го подготвувате во отворен сад и да земете доволно количина од билката. Мајчината душица содржи лековити состојки кои лесно испаруваат. Припремата во отворен сад нема да ги задржи корисните состојки, па таквиот чај ќе нема лековити својства. Затоа, секогаш варете го во затворен сад.