Научи да останеш смирен, зашто тоа е знак дека ТИ си господар на својот живот, а не некој друг
Да научиш да бидеш смирена личност е една од најголемите животни умешности.
Остани смирен и покрај тоа што твоите планови не се оствариле и што другите се насладуваат од твоите неуспеси. Остани смирен кога ќе почувствуваш дека другите те лажат, те критикуваат и те обвинуваат. Научи да останеш смирен што и да се случува околу тебе.
Остани смирен и покрај повредите и сметањата од другите, затоа што не мора да прифатиш се’ што доаѓа од другите, без разлика дали е добро или лошо. Не мора се’ што другите ќе фрлат кон тебе да влезе во твојот живот и да ти ја наруши внатрешната енергија. Остани смирен и покрај раните кои ги добиваш, затоа што само со нив ќе се воздигнеш како силна и истрајна личност.
Научи да останеш смирен така што ќе поставиш граници за туѓите зборови кои се упатени кон тебе, граници до кои си човек и до кои толерираш, а ако некој ја премине таа црта, не дозволувај да те прави будала. Научи да останеш смирен, затоа што тоа е знак дека си научил да го сакаш својот живот, затоа што каков и да е – твој е!
Научи да останеш смирен, затоа што тоа е најдобрит знак дека ТИ си господар на својот живот, а не некој друг!