Повторно добри вести од Италија – се намалува бројот на пациенти на интензивна нега, како и на оние што ја изгубиле битката …
Крај на драмата, но претставата се уште не е готова
На глобално ниво, кај повеќе од 1,1 милиони луѓе е дијагностициран корона вирусот, а повеќе од 62,000 ја изгубиле битката со болеста.
Бројот на пациенти со коронавирус на интензивна нега се намали и во Италија и тоа е за прв пат од избувнувањето на епидемијата во оваа земја која е една од најпогодените од вирусот. И бројот на оние што го изгубиле животот благо се намали – 525 случаи за 24 часа.
И покрај тоа што ситуацијата се подобрува, сè уште не е време Италијанците да се вратат во нормален живот.
Бројот на пациенти кои се на интензивна нега заради корона вирус падна за прв пат во Италија во саботата, истовремено кога земјата исто така го забележа своето најниско дневно зголемување на бројот на оние кои ја изгубија битката со болеста во последните две недели.
Официјални лица во една од најзагрозените земји во пандемијата изјавија дека грубите мерки како што се строгиот карантин и забраната за движење, што траат скоро еден месец, доведоа до овие позитивни трендови и ја нагласија потребата жителите да останат затворени.
„Ова е важна вест затоа што им овозможува на нашите болници да дишат“, изјави водачот на цивилната заштита Ангело Борели за време на брифингот пред новинарите за состојбата со вирусот.
Италија објави 525 трагични случаи во неделата од КОВИД-19, со што вкупниот број се искачи на 15.887.
Но тоа воедно беше најниско дневно зголемување од 23 март откако започна епидемијата на 21 февруари.
Бројот на пациенти во преоптоварените единици за интензивна нега се намали за 74, на 3.994 од 4.068 во петокот.
Вкупниот број потврдени случаи во земјата е зголемен од 119.827 на 128.948, но официјалните лица веруваат дека успеале да го стабилизираат зголемувањето, со надеж дека овој индекс ќе почне да се намалува.
Земјите како Италија и Шпанија презедоа многу построги мерки на социјална дистинкција во однос на Њујорк
Но, некои стравуваат дека за време на раните знаци на напредок и како што се приближува Велигден, се повеќе Италијанци ќе започнат да ги кршат наредбите во земјата, при што групи луѓе се забележани на социјалните медиуми шетајќи низ некои од поголемите градови.-
„Некои фотографии се шират на социјалните медиуми, кои покажуваат одредена релаксација во однесувањето на некои луѓе – за среќа само неколку – кои секако дека не треба да се земат како пример, туку треба да бидат осудени“ – изјави за медиумите Доменико Аркаури, специјален владин комесар за контрола на кризата со вирусот корона.
Тој предупреди дека се уште не е време Италијанците да се вратат на стариот живот.
Италија се подготвува за следните чекори
Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанка изјави дека кризата се уште е далеку од крајот.
„Ситуацијата останува драматична, вонредната состојба продолжува и имаме уште еден тежок месец“, изјави тој.
– Премногу е ризично за другите пациенти, премногу ризично за целиот персонал. Ако не продолжиме да бидеме ригорозни, сè што постигнавме ќе падне во вода – рече министерот.
Во интервју за „Ла Република“, тој ги истакна следниве чекори кои ќе бидат спроведени од страна на државата во борбата против вирусот корона: континуирано социјално дистанцирање, широко распространето користење на заштитни средства за сите, а не само за здравствените работници, опремување болници за Ковид-19 низ целата земја, зајакнување на локалната здравствена заштита, масовно тестирање и мапирање на броевите заразени во Италија, што може да се моделира според примерот на Јужна Кореја.
Како што рече, повратниот епидемиски бран не може повеќе да се исклучува се додека не се добие вакцина – затоа се потребни специјализирани болници.