Забавувајте се додека сте затворени дома: Прекрасни велигденски декорации кои можете да ги направите сами
Досадно ви е кога сте затворени дома? Не мора тоа да е повеќе така. За вас подготвивме низа забавни и феноменални украсни идеи кои сигурно ќе го привлечат вашето внимание. Идеите вклучуваат светли бои, цвеќиња и други пролетни украси кои се совршени за велигден.
Украсно дрво
Украсното велигденско дрво е многу слатко, а и прави одлична весела атмосфера во вашиот дом. За да ја направите оваа декорација, наберете гранкички и исфарбајте ги со бела боја. По сушењето, ставете ги во одредена кантичка во боја и организирајте ги по ваша желба. Додајте каменчиња, стаклени камења и слично за да ја декорирате кантичката. Закачете ги декоративните јајца и декорирајте по ваша желба со уште некој додаток плус.
Украсна декорација за вратата
Внесете радост во вашиот дом со оваа декорација за влезната врата. Користете гранчиња или некој друг материјал за да создадете венче, а потоа истото украсете го со неколку весели јајца, машнички, цвеќиња, бои… Можете да испринтате и да обоите и некои зајачиња или други украси по ваша желба.
Украсна висечка декорација
Висечките декорации се многу популарни во текот на божиќни празници, па зошто да не ги направиме популарни и за Велигден? Едноставно, направете јајца од хартија или некој друг материјал, декорирајте ги со машнички, а потоа врзете неколку со различна големина и ставете ги на некое видно место во вашиот дом. Тие ќе ви создадат пријатна и весела атмосфера, а вие ќе се наполните со позитивна енергија!