Реклама
Вирално

Преседан во христијанството – верниците ова го немаат доживеано од 1349 година

Реклама

Оваа црква беше затворена за прв пат од епидемијата на чума, која се случи во 1349 година.

Поради вирусот корона, светот е во неизвесност веќе со месеци.

Маркетинг

Се преземаат драматични мерки за елиминирање на вирусот или барем да се намали бројот на заразени, а во некои земји, меѓу кои и во Македонија, е воведен и полициски час. Сепак, една од најдрастичните мерки за верниците е тоа што е затворен Храмот на Светиот гроб на Исус Христос во Ерусалим како мерка за борба против опасниот корона вирусот.

Она што зборува во прилог на тоа колку е алармантна целата оваа ситуација е фактот дека Црквата во која се наоѓа Светиот гроб Христов во Ерусалим е затворена за прв пат во историјата од епидемијата на чума во 1349 година.

Маркетинг

Видеото ги прикажува полицијата и свештенството како ја напуштаат Црквата.

Не е познато кога Црквата повторно ќе биде отворена.

Светиот Гроб е затворен од средата, 25 март 2020, за една седмица, заради заштитни причини, поради епидемијата на коронавирусот.

Затворањето на Храмот се случува додека Христијаните од сите деноминации се подготвуваат за Пасха, период кога вообичаено илјадници поклоници и туристи притекнуваат во Ерусалим, чиишто улици сега се речиси пусти. Пасхата на Римокатолиците оваа година се паѓа на 12 април, а на Православните една недела подоцна.

Абу Насар рекол дека „ако, не дај Боже, оваа состојба се одолговлечи и стигнеме до периодот на Пасха“, црковните власти се надеваат дека ќе се најде некое решение, за да би можело да се служат Богослужбите од Страната Недела и да би се прославило Воскресението, веројатно ограничувајќи го бројот на присутните во храмот.

Израелските власти вчера побарале да се затворат и сите синагоги, а молитвата да се одвива на отворено, без собирање на повеќе од 10 луѓе секој пат. Исто така, еврејските верници биле повикани да не ги целиваат камењата од древниот ѕид, на крајот од Гората на Храмот. Оваа недела престанеле и сите молитви во муслиманскиот храм Ал-Акса.

Благодатниот Оган сепак ќе патува 

Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, и покрај драконските мерки против коронавирусот, соопштува весникот Jerusalem Post, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи на Израел, пренесе порталот Бигорски.

Поконкретно, согласно објавата, државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим.

„Точниот начин на процесот сè уште не е утврден, изјави изворот од Министерството за надворешни, бидејќи Министерството за здравство би можело да додаде повеќе ограничувања поради коронавирусот, но веќе се организирани летови за да го однесат Огнот во Русија, Украина и Грција“, објаснува подробно „Jerusalem Post“.

Според истиот весник, службата во Светиот Гроб ќе се одвива нормално, во присуство на 10, најмногу до 15 претставници на христијански цркви и во продолжение Светиот Оган ќе се пренесе до аеродромот во Тел Авив, каде ќе биде предаден на делегациите на христијанските земји, коишто, сепак, нема да се симнуваат од авионите на израелска почва, со цел да се запази карантинот, пишува порталот на „Бигорски манастир“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button