Реклама
Вирално

Бабичка има 110 години и не се плаши од корона вирусот – го преживеа шпанскиот грип и Граѓанската војна, ќе го преживее и ова!

Реклама

Луиза Васкез де Силва е Родена пред 110 години во северниот шпански град Понтеведра.

Фото: Илустрација

Таа ги преживеа шпанскиот грип и Граѓанската војна и сега е убедена дека ќе го преживее и корона вирусот.

Меѓу пријателите позната како Лулу, живата старица сонува да се укинат ограничувањата заради кои нејзината земја е притворена веќе цели три недели, а 47 милиони жители се наоѓаат заклучени во своите домови.

Маркетинг

Луиза со нетрпение го чека моментот кога повторно ќе ги „протегне нозете“ на сончевите улици затоа што, како што вели таа, доаѓа пролетта, и ако некој знае како да се справи со пандемијата, тогаш тоа е таа.

Бабичката преживеа смртоносен грип од 1918 година, иако за медиумите призна дека не се сеќава добро.

Маркетинг

„Бев многу млад, тогаш имав седум или осум години“, вели оваа баба. После тоа, таа помина низ друга голема трагедија во историјата на земјата – Граѓанската војна од 1936 до 1939 година. Таа беше сведок на диктатурата и воведувањето на демократијата во нејзината земја.

Иако нема деца, има 87 роднини

Некои од нив, иако не живеат во Понтеведра, пристигнале во тој мал град во провинцијата Галиција за да ја изненадат на нејзиниот 110 роденден.

Фото: Илустрација

Во договор со локалната самоуправа, четворица од нив, облечени во заштитни маски и со ракавици, тие дојдоа пред нејзината зграда и развиорија транспарент на кој пишуваше „Среќен 110 роденден“. И тоа не беше сè. Четири полициски автомобили со светла и вклучени сирени во нејзина чест се паркираа во колона пред влезот.

Кога Лулу излезе на прозорецот за да види што се случува, полицајците беа на улицата и и аплаудираа.

Тогаш сите заедно ја отпеа познатата „Среќен роденден“.

Лулу беше полна со емоции и цело време мавташе од прозорецот на третиот кат. „Не го очекував ова, ова е вистинско изненадување“, истакна таа.

Полицајците и нејзините роднини со овој гест дополнително го охрабрија најстар жител на овој град со околу 83.000 жители во време кога вирусот корона галопираше низ Шпанија. Досега животот го изгубија скоро 8.500 луѓе, а досега само Италија има претрпено повеќе жртви. Околу 70 проценти од трагичните случаи се стари луѓе над 80 години.

„Мораме да внимаваме на болеста. И кога ќе помине, ќе го прославам роденденот и тоа двојно со сите оние со кои не можам да бидам сега “, рече Лулу.

Фото: Илустрација

Дали треба да престанеме да ги посетуваме постарите лица заради коронавирусот?

Многу познати бендови ги одложија своите пролетни турнеи. Италија е заклучена целосно, но и многу други земји во кои е и Македонија. Постојано не советуваат да не се ракуваме со рацете, да не пиеме од исто шише, да не ги триеме очите и што е најважно – постојано да ги миеме рацете. ОК, ќе прифатиме дека ова е нешто ново за нас, иако зарем не не’ учеле на истото уште од мали нозе? Но тоа не е се’, се прават списоци и апликации со луѓе што треба да се избегнуваат (Кинезите посебно се стигматизирани насекаде низ целиот свет), како и места, а коронавирусот продолжува да се шири и понекогаш ни се чини како ништо да не го запира.

Од друга страна како што COVID-19 продолжува со навидум незапирливото ширење низ целиот свет, заштитата на старите лица стана клучна цел.

Неодамна и францускиот претседател Емануел Макрон отворено ги охрабри луѓето да престанат да ги посетуваат постарите членови на семејството. „Ние мора да избегнеме колку што е можно повеќе да ги посетуваме нашите постари роднини“, изјави Макрон додека гостуваше во еден пензионерски дом во Париз.

Но не се согласуваат сите со него. Некои сметаат дека тоа е дури и глупаво.

Ефекти на осаменоста

Постарите луѓе се повеќе подложни на сериозно заболување па дури и да го изгубат животот од СОВИД-19, но некои експерти велат дека не треба да заборавиме дека социјалната интеракција е клучна за нивното ментално и физичко здравје. Па така некои од нив советуваат да не ги заборавите старите лица, но треба да бидете свесни.

Тоа значи да бидете сигурни дека немате грип (ако сте тестирани на пример или ако веќе подолго време и самите сте поминале во самоизолација и држите социјална дистанца), честопати да миете раце и да избегнувате посети кога страдате од симптоми на болеста.

За старите и осаменоста е опасна

Според д-р Ами Рокач, клинички психолог од Универзитетот Јорк во Канада, кој ги студира ефектите на осаменоста во последните четири децении, тоа навистина може да придонесе за влошување на здравјето, па и да предизвика губење на животот „Стресот во целина го ослабува имунолошкиот систем“, вели тој за „Сити Њуз“.

„И осаменоста предизвикува стрес, така што може да предизвика секаков вид проблеми, како висок крвен притисок, се покажа дека придонесува за дијабетес, придонесува за срцеви проблеми и ги интензивира заболувањата што веќе ги доживее човекот. Осаменоста придонесува не само за емотивните теми како депресијата и ниското самопочитување, туку и на морталитетот “.

Одржување контакт за време на карантин

Рокач вели дека ако постар сакан човек се најде во карантинска ситуација или под самоизолација, важно е да се одржи контакт со нив и јасно да им се објасни што се случува и зошто.

„Кога една постара личност ќе види дека никој не доаѓа (да го посети), тие велат,„ ме заборавија, а јас едноставно не постојам за нив.“ Но, ако може треба да се помогне да се види дека тоа е привремена состојба и дека тоа се прави затоа што тие се згрижени, затоа што тие се важни и треба да ги заштитиме . Тие можат да се поврзат со семејството и пријателите преку Интернет, преку Скајп, преку телефон“, вели овој доктор и додава дека постојано треба да ги потсетуваме дека тоа е привремена состојба, и дека тоа се прави за да ги заштитиме затоа што тие ни се важни“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button