Цитати кои ќе ни дадатт сила да ги пребродиме овие тешки времиња поради епидемијата
Во текот на епидемијата на коронавирусот, честопати си зборуваме себеси и на нашите најблиски дека сакаме се’ да ни се врати во нормала. Во продолжение прочитајте на што човек треба да се потпре кога се’ во животот ни се чини изгубено.
ФОТО: fineartamerica.com
Клучот, за кој не’ поучува Буда, лежи во тоа траумта да не ја сфатиме лично. Кога ја сфаќаме како природен одраз на хаотичниот универзум од кој сме дел, таа губи сила.
Не можеме да постигнеме вистински душевен мир само барајќи сопствен спас, останувајќи рамнодушни кон добрината на другите.
Кој бара прослветлување знае дека задоволството донесува патење, оставајќи ни повеќе незадоволство кога ќе го изгубиме, отколку како што би било кога никогаш не би го имале.
Успехот не треба да се мери според позицијата што некој ја постигнал во животот, туку според пречките кои успеал да ги надмине додека се обидувал да успее.
Мора да ја искористиме болката за да ја согориме како гориво за нашето патување.
Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите ‘Животот е тежок’, секогаш сум во искушение да прашам: ‘Во споредба со што’?