Реклама
Вирално

Хаос во Италија – очајни луѓе немаат што да јадат и почнаа да го исфрлаат својот гнев на улица (видео)

Реклама

Една тажна снимка доаѓа од Бари, каде се гледаат две лица бараат помош најверојатно пред банка која е затворена.

За жал, навикнати сме на потресни сцени од Италија за време на невидената епидемија на вирусот корона што доаѓаат од болниците и мртовечниците, но колку повеќе време минува под екстремни мерки, толку повеќе изолацијата прави поголема штетата и за економијата.

Маркетинг

Сè повеќе сме сведоци на излевање на очај на улиците на луѓето кои ги загубија своите работни места или ги затворија своите деловни активности, а прашањето е дали многумина од нив ќе имаат со што да живеат во олку тешко време. Една тажна снимка доаѓа од Бари, каде се гледаат две лица кои се пред некоја банкарска филијала, која е затворена.

– Првите знаци на очајните Италијанци кои изгубиле работа или ги затвориле работните места и немаат пари за јадење. Денес во Бари пред кредитна институција – се вели во описот на снимката во видеото.

Во еден момент, човекот ја тресе металната порта и неговиот излив на гнев се обидува да ја смири полицијата.

Бројот на заразени од вирусот корона во Италија надмина 80.000, со повеќе од 8.200 мртви.

Италијанскиот премиер ја повика ЕУ да издаде обврзница 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја повика Европската унија да издаде „обврзница за закрепнување“ за да им помогне на земјите-членки во борбата против пандемијата на коронавирусот. Тој порача дека неуспехот во решавањето на вонредната состојба ќе биде „трагична грешка“ на Унијата. Во интервју за италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“, објавено денеска, Конте вели дека е потребен заеднички должнички инструмент за да започне европски план за закрепнување и реинвестирање за поддршка на економијата на целиот регион.

Според него, користењето на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) за задолжување на пазарот и евтино кредитирање на земјите под одредени услови не би бил вистинскиот одговор.

„ЕСМ е инструмент креиран да им помогне на одделни земји-членки во справувањето со финансиските проблеми предизвикани од асиметрични шокови“, рече Конте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button