Реклама
Вирално

Оваа група луѓе во самоизолација треба да поминат 12 недели: Само така може да го зачуваат животот

Реклама

Коронавирусот е многу опасен за луѓето кои веќе имаат некој здравствен проблем.

Веќе е познато дека повеќето млади и здрави лица заразени со вирусот Ковид-19 имаат само благи симптоми, а дека постарите и оние со оштетено здравје може да имаат многу силни тегоби и потреба за интензивна нега.

Сите мораат да бидат под заштита, но за екстремно чувствителните групи пациенти британските здравствени власти пропишуваат екстремни мерки на заштита.

Маркетинг

Тие значат целосно затворање во домот на најмалку 12 недели, во текот на кои лицето не треба да излегува ниту во продавница, ниту да оди на прошетка, како и да прима или да оди во посета на роднини и пријатели.

Сите контакти треба да бидат сведени на телефон, интернет и социјалните мрежи, а продуктите и другите потребни работи треба да се остават на прагот на ваквото лице.

Маркетинг

Кој спаѓа во екстремно чувствителната група кога е во прашање Ковид-19?

1. Сите бремени жени кои имаат некоја срцева болест, без оголед на тоа дали таа е вродена или стекната;

2. Сите кои имаат карцином и се лекуваат со хемотерапија или имаат радикална радиотерапија на карцином на бели дробови, пациенти кои страдаат од леукемија, лимфом или миом и без огледа на тоа во која фаза од лекувањето се, оние кои примаат имунотерапија или некоја друга постојана терапија за карцином со антитела, сите кои имаат некоја друга терапија за карцином која влијае на имунолошкиот систем;

3. Сите кои имале трансплантација на матични клетки или коскена срж во последните 6 месеци или се уште земаат лекари за имуносупресија;

4. Сите кои имаат сериозни заболувања на дишните патишта како што се тешка астма, тешки хронично – опструктивни болести на белите дробови или цистична фиброза;

5. Сите со ретки болести или вродени нарушувања на метаболизмот кои значително го зголемуваат ризикот од инфекции;

6. Сите кои земаат имуносупресивни терапии.

Британските лекари напоменуваат дека таа одлука за екстремна заштита е целосно лична одлука и дека секој пациент треба да ја донесе во склад со упатствата на својот лекар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button