Реклама
Вирално

Нешто многу чудно се случува – епидемиолог од Хрватска има и грип и коронавирус. И што е најнеобично – таа е и вакцинирана!

Реклама

Верувале или не, но во нашето соседство, односно во Сплит, постои докторка која и покрај тоа што е вакцинирана против инфлуенца – повторно е позитивна на грип, но што е „најинтересно“ и на корона вирус.

Во прашање е докторката Јасна Нинчевиќ од Сплит која за „Слободна Далмација“ ги потврди овие „чаршиски муабети“.

Маркетинг

Таа претходната недела заедно со своите колеги и колешки работела во телефонскиот центарот во кој примаат повици од оние кои се заразени од корона вирус, но и од оние кои се сомневаат во тоа. Таа потврди дека е позитивна на коронавирусот и грип, но не знае од каде би можела да се зарази. Освен на работа не излегува надвор, не се гледа со потесното семејство и нема никакви „сомнителни“ контакти, ниту пак била во допир со пациент кој би можел да и го пренесе вирусот, пишува хрватскиот „Јутарњи“.

Таа е зачудена и од тоа што истовремено е позитивна и на грип и на коронавирус, бидејќи за таков случај досега никогаш не слушнала. Таа вели дека за такво нешто досега нема прочитано никаде, односно дека воопшто е возможно да бидеш позитивен и на двата вируси истовремено.

Маркетинг

Таа затоа потсетува дека нејзиниот случај покажува зошто сите мораме да ги почитуваме упатствата и да избегнуваме социјални контакти.

Таа објаснува дека најпрво почувствувала болки во грлото, па во вратот, а потоа почнала да ја боли и главата. Тогаш решила да си замине дома од работа, а температурата и била 37.2 степени. И бидејќи е вакцинирана против грип, воопшто и не се посомневала дека во прашање е тоа заболување. Истата вечер температурата и била 37.9, а утредента 38.7.

Имала болки во мускулите и зглобовите, но не кашлала воопшто. Сите од нејзиното семејство, сопругот, ќерките и зетот веднаш заминале во самоизолација и никој од нив не излегува надвор.

Следниот ден била тестирана на корона вирус.

„Ги замолив да ме тестираат и за грип и тој наод беше брзо готов и – позитивен. Значи – закачив грип. Бидејќи брисот за коронавирусот беше испратен во Загреб, наодот дојде следниот ден и тој беше позитивен. За тоа дека сум позитивна се известени сите мои контакти“, вели таа.

Моментално немам температура, но се чувствувам изморена и исцрпено. Но два дена не спиев, ме болеше секоја коска и секој мускул во телото, а силно ме болеше и главата. Сите мои колеги и колешки кои со мене работеа во кол центарот се во самоизолација и за нив е организирано тестирање за корона.

„Ги замолувам сите да ги почитуваат мерките, да останат во своите домови, да не се дружат во кафулиња бидејќи се бориме против непријател за кој многу малку знаеме“, заклучи хрватската докторка Јасна Нинчевиќ.

Секој здравствен работник кој свесно се појавил на работа, иако имал симптоми ќе сноси одговорност

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека до вчера има 17 заразени здравствени работници, но некои од нив не биле свесни дека се во контакт со заразени пациенти.

„Тоа се здравствени работници, кои не биле свесни дека имале контакт со заболени пациенти. Тоа не значи дека они фатиле корона вирус од пациентите. Апсолутната бројка не би ја зел како процент на здравствени работници и дека тоа се должи на непочитување на протоколите. Како пример е Инфективната клиника, каде што нема заразен лекар – вели Филипче.

Тој нагласи дека секој здравствен работник кој свесно се појавил на работа, иако знаел дека има симптоми ќе сноси одговорност.

Мобилна болница со 130 кревети пред Инфективната клиника

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека за кратко време, на почетокот на следната недела се очекува поставување на мобилната болница до клиниката за Инфективни болести.

„Таму ќе се сместат 130 кревети со соодветни тоалети. Сметаме дека е добро да се надополни капацитeтот. Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на болните. Здравствените работници се целосно мобилизирани. Терапијата е веќе аплицирана – додаде првиот човек во здравството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button