Руски генетичар откри зошто коронавирусот ги коси токму Италијанците: Една лоша навика драстично им го уништи имунитетот
Тешката епидемиолошка ситуација во Италија поради коронавирусот може да биде поврзана со ослабениот имунитет на локалното население поради претераната употреба на антибиотици.
Според Поспелов, Италијанците пречесто пијат антибиотици, не само во текот на лекувањето на бактериските инфекции, туку и за акутните респираторни вирусни инфекции.
– Популацијата всушност пиела зголемена доза на антибиотици, што негативно влијае на стабилноста на имунолошкиот систем, рече Поспелов.
Тој додаде дека антибиотиците негативно влијаат на цревната микрофлора, каде се концентрирани до 70 отсто од имуномодулаторните ќелии.
Иван Козлов, потпретседател на Руското научно друштво на имунолози вели дека со прекумерното земање антибиотици, „дури и оние најбаналните“, имунулошкиот систем практично се исклучува.
– Како резултат на тоа, ослабениот имунитет создава услови за инвазија на патогени миркроорганизми, рече Козлов.
Според неговите зборови, големиот број луѓе заразени од коронавирисот во Италија и високата смртност поради него е „скриена потврда“ за слабиот имунитет на жителите на Апенините. Козлов објаснува дека со годините телото го намалува бројот на „неодлучни ќелии“ од имунолошкиот систем кои можат да развијат антитела на новите вируси.
– Како што пациентот преминува во постара возраст од животот, се намалува неговата способност за реакција на новите патогени кои ни доаѓаат. После 70 години не се препорачува драстично менување на климата, климатските зони, воопшто позадината на антигените“, рече Козлов.