Ова е станот во Берлин во кој Меркел е во карантин: Најмоќната жена на светот ја чува една полициско возило
Погледот на домот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин открива скромност. Германската канцеларка се повлече во самоизолација откако била во контакт со доктор за кој се утврдило дека е позитивен на коронавирусот.
А домот на најмоќната жена на светот се наоѓа во стара зграда покрај која едвај е видлив скромниот полициски автомобил Опел Корса и двајца припадници на полицијата.
Меркел отиде во карантин во својот стан откако во неделата одржа конференција за медиуми на која објави нови построги мерки во Германија во борбата против ширењето на заразата со коронавирус.
Канцеларката, потврди нејзиниот портпарол, прими вакцина против инфекции поради воспаление на белите дробови, а во наредните денови 65-годишната канцеларка ќе ги направи и останатите тестови па својата работа ќе ја продолжи сигурно од својот дом.