Реклама
Наши ѕвезди

Ја паметиме по улогата на Султанката мајка во „Сулејман Величествениот“, никој не може да поверува колку години има

Реклама

Звучи неверојатно, но актерката која сите добро ја познаваме од улогата на мајката султанка во популарната турска ТВ серија „Сулејман Величествениот“ има 76 години.  Небахат Чакре иако во осмата деценија од животот, плени со својот изглед, линија, моден стил и пред се со веселиот дух.

Во серијата „Сулејман Величествениот“ ѝ се допадна ликот на моќна жена, одговорна мајка која ги влече семејните конци кога е најпотребно. А се чини дека актерката имала силен карактер и кога камерите ќе се изгаснат.

Маркетинг

„Да се биде самостојна жена има свои предности, но и маани. Мораш понекогаш да се правиш дека си силна, тогаш кога си скршена, но во денешниот свет за да опстанеш- мора да бидеш силна. Тоа го почувствував на своја кожа и кога излегов од филмската индустрија. Тоа беше моја желба, но луѓето заборавија дека сум постоела иако пред тоа снимив бројни филмови“, рече таа во еден разговор.

Инаку, Небахат почна да ја гради кариерата во 1960 година и тоа како модел. Победи на изборот за Мис на Турција и својата земја ја претставуваше на светскиот избор во Лондон.

Маркетинг

„Никогаш не сум барала пари од своето семејство! На изборот за Мис ме испратија буквално без ниту една турска лира во џебот. На граница ме запреа и не ми дадоа да одам во Лондон зошто бев премлада, па под гаранција на премиерот сепак отидов на натпреварот. Влегов во авионот со 50 центи, но тоа е животот на која навикнав“, открива таа.

Оваа убавица своевремено беше во брак само 15 месеци, со 14 години постариот Јилмаз Гунеј. Врската брзо ја започнаа, а дури подоцна се покажало дека Јилмаз имал друга жена која чекала негово дете.

И покрај тоа,тој и Небахат останале заедно, па влегле во многу турбулентен брак, во кој имало дури и насилство. Според пишувањето на турските медиуми, поранешните сопружници по разводот никогаш не зборувале лошо еден за друг.

Десет години подоцна Небахат го изговори судбоносното „да“ на кошаркарот Јавуз Демир, со кој остана во брак три години. Останала бремена, но имала спонтан абортус кога сфатила дека нејзиниот брак ќе пропадне.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button