Реклама
MAMAДом и семејство

Работи кои задолжително треба да ги дезинфицирате во вашиот дом

Реклама

Без оглед на тоа колклу често ги миете рацете и се грижите за личната хигиена, не треба да заборавите и дека вирусите и бактериите може да се наоѓат и на работите кои секојдневно ги допирате.

ФОТО: unsplash.com

Најдобриот начин да го спречите ширењето на коронавирусот е детално да ги миете рацете со сапун. Сепак, нема да постигнете ништо ако со чистите раце потоа веднаш го допрете телефонот, тастатурата, вратата… Еве кои работи треба да ги дезинфицирате во вашиот дом и тоа почесто.

Телефон

Кога сме сите дома, телефонот го држиме непрекинато во нашите раце. Повеќе пати имаме слушнато дека телефонот е повалкан и од тоалетот, па јасно ви е колку сме изложени на бактерии.

Маркетинг

Површините кои често ги допираме

Дефинитивно е клучна дезинфекцијата на кваките на вратите, далечинскиот управувач и слично.

Кујнската работна површина

На неа честопати се наоѓаат торби, телефонот, клучеви… Сепак, јасно е дека ова е место каде што се подготвува храма, па затоа, треба почесто да размислувате за дезинфицирање на овие работи пред да почнете со подготовка на оброк.

Маркетинг

Тастатура

Без оглед на тоа дали работите од дома или не, тастатурата е полна со разни вируси и бактерии. Откако ќе го исклучите компјутерот, свртете ја и протресете ја за да ја исфрлите прашината која се насобрала. Потоа, исчистете ја со воздух, па нежно избришете ја со микрофибер крпа натопена со дезинфекциско средство.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button