Познатата српска докторка и виролог откри кога доаѓа крајот на коронавирусот, но и од што се плаши најмногу
Како што вели оваа позната докторка, научниците не се загрижени заради стапката на смртност, туку заради брзината на ширење на вирусот.
Ана Глигиќ е меѓународно признат вирусолог која врвот на својата кариера го доживеа за време на големите сипаници, познатата вариола вера од 1972 година, кога беше шеф на главната лабораторија во Југославија. Таа иако одамна е во пензија, ревносно ја следи работата на младите колеги и сигурно е една од најкомпетентните на овие простори што може да го објасни новиот коронавирус Ковид-19.
Овој вирус се наоѓа во природата и кога човекот е во потрага по храна или ресурси, тоа влегува во природното жариште и го нарушува еколошкиот баланс.
Така, според последните истражувања на кинеските научници, откриено е дека корона вирусот е 96 отсто идентичен со оној што го имаат лилјаците.
Но таа додава дека научниците не се загрижени од стапката на смртност, туку многу повеќе заради брзината на ширењето кое го оптовари здравството, а на крај и последиците што ќе ги остави врз светската економија.
„Тешко е кога во еден ден треба да примите на пример 500 заболени, а на половина им е потребна респираторна потпора. Тоа е огромно оптоварување за здравството. Исто така, кога се вирусните инфекции во прашање, лек нема. Само симптоматски терапии“ – вели овој искусен вирусолог .
Голем проблем е и тоа што за вирусот се знае многу малку, како и тоа дека се уште не се знае ни периодот на инкубација. Таа вели дека официјално е прифатена бројка од 14 дена инкубација, но тоа е период на инкубација во просек за сите вируси. Но кај некои е 14, а кај други 25. Според некои истражувања, и инкубацијата на корона вирусот била 25 дена. Што би значело дека половина од тие 25 дена ваквиот асимптоматски пациент всушност нема никакви симптоми и целото време може да го шири вирусот.
Но она што оваа докторка и е чудно, како тоа во еден ден може вирусот да се шири толку многу. Според неа, на пример во Шпанија за еден ден бројката од 250 пораснува на 500 заразени и тоа според нејзиното досегашно знаење е нелогично. Сите нејзини методи што ги знае не и дале одговор на прашањето како вирусот толку брзо се шири, кога новозаболените би требало да бидат во контакт 25 дена претходно со заболените, односно таа се плаши дек би можело „заразени лилјаци“ од кои прескокнала болеста на човекот да има и во Европа.
Глигиќ се прашува и дали вирусот досега повеќе пати мутирал па сега има повеќе соеви, а тоа е клучното прашање за нејзините помлади колеги.
„Може да се случи ова да прерасне во сезонска болест, бидејќи изворот на оваа инфекција е во природата, и тоа е нешто што не можеме да го контролираме. Потребно е да се собере што повеќе материјал од болните за испитување и да се тестира дали имаме имунитет по овој вирус. Односно дали се создаваат антитела кај оние што го прележале, и што е најважно дали тие штитат. Потоа може да се користи крвната плазма на излечени за лечење на другите пациенти“, вели таа.
Таа зборуваше и за добрите особини на вирусот, а тоа е што тие можат сами себе да се „изгаснат“. Таа го наведе и примерот со Македонија кога вирусот со ширење од човек на човек станува се послаб до моментот кога потполно ќе исчезне или нема да има никакви симптоми кај заразените.
Ние имаме ситуации кога епидемијата сама себеси сe гаси. Таа вели дека кога ќе го прескокне своето природно жариште, вирусот во својот прв налет на човекот создава тешка клиничка слика. Таков бил случајот со треската во Македонија, во селото Чифлик покрај Тетово од 1971. Во вториот пасаж, односно откако преминал од болниот кој починал на друго лице, на членовите на неговото семејство, клиничката слика била тешка, но без смртни случаи. Во третиот пасаж имате клиничка слика, блага, додека во четвртата веќе и нема, се присетува докторката за случајот со Конго-кримската треска.
„Тоа значи вирусот сам се ослабнува во своите пасажирања кај човекот и тоа е многу добра карактеристика. Ако и короната така се однесува ќе биде супер“ вели докторката.
Прво тука може да влијае споменатото пасажирање на вирусот кој во меѓувреме ги изгуби карактеристиките на дивината од која потекнал.
Заразата започна во декември, па ако земеме дека секоја инкубација траеле 25 дена, тоа значи дека четири пасажи изнесуваат 100 дена кои токму сега навршуваат од појавата на вирусот во Кина. Кај нив веројатно со време се изгради и колективен имунитет. Секако и мерките на државата влијаеа, па луѓето заради нив станаа многу повнимателни.
„Избегнувајте секаков вид на контакт. Вирус без домаќин може да опстане барем три часа. Тоа значи дека ако некој заразен кивне, тоа место е заразено до три часа. Ваквите природни инфекции најтешко се искоренуваат и без вакцина ова може да прерасне во сезонска болест, а мојата проценка е дека добра вакцина можеме да очекуваме за 18 месеци. Најмалку година дена“, заклучува познатата докторка.