Еве кои се најзагрозени – повеќе од 99 % од жртвите во Италија за кои коронавирусот беше кобен имале една од овие три болести
Најнови информации во врска со вирусот во Италија
Повеќе од 99 отсто од жртвите во Италија од корона вирусот се лица кои веќе имале некоја друга болест, покажува најновото истражување на нивните здравствени работници.
Ново истражување може да прикаже увид во тоа зошто бројот на оние што го изгубиле животот која во моментот е околу 8 отсто од бројот на потврдени заразени, е поголем отколку во другите земји, пренесува Блумберг.
Научниот институт од Рим испрашаа медицински податоци од околу 18 проценти од жртвите од коронавирусот во Италија и открија дека само три од нив, односно 0.8 отсто од вкупниот број на оние што ја изгубиле битката со вирусот, порано немале некоја друга болест.
Повеќе од 75 % имале проблеми со висок крвен притисок, околу 35 отсто дијабетес, а една третина некоја срцева болест
Просечната старост на жртвите од последиците на вирусот е 79,5 години.