Реклама
Вирално

Еве дали можеме да се разболиме ако во бутик пробаме нешто по некој што е заразен од корона?

Реклама

Во нашата земја денес се дијагностицирани 6 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 48.

Познатиот српски епидемиолог Предраг Кон, кој е началник на Единиците за заразни болести на Градскиот завод за јавно здравје Белград, во интервју за Телеграф ги советува граѓаните да го избегнуваат јавниот превоз, кафулињата и посебно трговските центри за да се заштитат од коронавирусот Ковид-19. Тој откри како можеме да го собереме вирусот, но и како да ја сузбиеме епидемијата која и во Македонија зазема замав.

Па така овој познат доктор вели дека теоретски можеме да се заразиме и доколку некој пред нас ја фаќал чешмата со неговите раце, но и додава дека токму затоа треба добро да се измијат рацете и дека металот не е поволно место на кое се задржуваат микроорганизмите

Маркетинг

На прашањето од новинарите дали ако испробуваме облека во продавница која некој заразен претходно ја облекувал, докторот вели дека така не се пренесува вирусот, односно дека не може на тој начин да се заразиме.

Маркетинг

Тој исто така вели и дека е предимензионирана штетноста од студената вода, односно дека приказната дека студената вода или сладоледот на пример, помагаат да се шири вирусот, не ја издржале научната основа.

Врвот на епидемијата при крај на април

Докторите од соседна Србија очекуваат врвот на епидемијата да биде при крајот на април, односно неколку дена по Велигден кога ќе доаѓаат нашите луѓе од странство кои се во разни зони. Тие затоа и апелираат до оние кои се во најризичните зони да останат таму, да размислат дека би можеле да ја внесат болеста во куќата на најблиските.

Еве кога епидемиолозите очекуваат крај на пандемијата со коронвирусот

Медицинскиот советник на кинеската влада Зонг Наншан истакна дека се намалува бројот на заразени со вирусот корона и прецизира дека глобалната пандемија најверојатно до јуни ќе биде завршена, пренесуваат светските новински агенции. Набшан е кинески епидемиолог познат по борбата со САРС во 2003 година, и тој вели дека бројни увезени случаи со заразите Кина се со асимптоматски појави, односно дека процентот на реинфекции на болните што оздравиле е низок.

Кинеската комисија за национално здравје претходно соопшти дека врвот на епидемијата во земјата поминал, па така во централна Кина вчера имаше само седум нови случаи на зараза, а во покраината Хубеј, центарот на епидемијата, потврдени осум нови случаи и тоа е прв пат оваа бројка со новозаразени да не е двоцифрена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button