И една од најубавите жени на светот е заразена – еве како се лекува од коронавирусот!
Откако се појавија вестите дека поранешната Бонд девојка, убавата актерка Олга Кириленко е позитивна на корона вирусот, се јави и таа.
Таа сподели совети преку својот Инстаграм профил како се бори против вирусот и како се чувствува додека е во карантин.
Денес се чувствувам подобро. Немам треска. Слушам дека луѓето не можат да откријат каде сум сега. Па, во Лондон сум. Како знам дека е корона вирус, а на само грип? Направив тест кој покажа дека сум позитивна.
„Кои се лековите што докторите ги препишуваат за закрепнување? Не постојат. Кажано ми е да земам парацетамол во случај да имам сериозна треска и ако имам преголеми болки. Користам витамини и суплименти. Ве молам, овие витамини НЕ СЕ лек за корона вирусот, туку само ми помагаат имунитетот да ми биде посилен за да се бори! Еве што користам јас – витамин Е, витамин Ц, цинк…“ напиша Олга.
„Ми кажаа доколку ситуацијата ми се влоши да повикам брза помош“, изјави Олга.
Преубавата Олга има 40 годни и важи за една од најубавите жени и актерки на светот. Таа одби да се лекува во болнички услови – иако има милиони со кои може да се лекува било каде – таа не сака да им го земе месото на постарите луѓе и на оние што се борат за живот.
„Им благодарам на сите што ми испраќаат убави желби, изненадена сум од нивата љубезност, сакам да ја искористам приликата и да одговорам на некои прашања што ми ги поставувате, а се поврзани со новиот коронавирус, вели таа во своето обраќање на социјалните мрежи.
„Зошто не сум во болница? Не сум во болница бидејќи се полни и примаат само пациенти кои се борат за живот, ако добро разбрав“.
„Ми кажаа ако ми се влоши состојбата да побарам брза помош“, вели Кириленко и додаде дека е тестирана откако била примена во брзата помош каде и направиле тестрирање откако и земале брис.
Што се однесува до тоа од кае го добила вирусот, таа не знае. „Може од било каде. Можеби допрев квака во такси и го добив од таму. На површините е! Веќе една недела температурата ми беше 38. Понекогаш и до 38.5. Денес конечно ми се спушти“, заклучи таа во своето обраќање.