Реклама
Наши ѕвезди

Северина се шеташе низ Белград и така ги загрози сите: Полицијата ја одведе во изолација откако направи драма пред станот на Милан

Реклама

Агонијата меѓу Северина Којиќ и таткото на нејзиниот син, Милан Поповиќ и натаму продолжува.

Пејачката дојде од Хрватска за да го види детето кое според одлуката на судот има право да ги гледа во вторник и четврток, но тоа не и успеа, зошто крајот на бакарот е во изолацијасо синот поради коронавирусот.

Снаата на Драган Којиќ Кеба залудно ѕвонеше пред зградата, бизнисменот не сакаше да ја прими, по што таа се обрати на Инстаграм:

Маркетинг

„Дојдов во Србија, зошто таткото на мојот син одлучил овде да ја помине целата недела, а за да можам да го видам барем во судски одредените термини, во вторник и четврток од 15 до 20 часот, како и следниот викенд од сабота кој е мој. Се согласив, не сакајќи дополнителни проблеми, зошто постојано трпам закани и навреди, кои ги пренесуваат различни таблоиди. Од саботата чекам и молам да го видам моето осумгодишно дете, кое не ја видело мајка му цели 5 дена. Не ми дозволи во саботата, а во неделата рече дека е кај своите браќа па ќе ми го даде во понеделник. Потоа се премисли и вчера. И кога конечно дојде денес, денот кога не плачам, наместо да го гушнам роденото дете, татко му прогласи самоизолација на Александар и себе, поради неговото патување во Австрија на 7 и 8 март, за кое воопшто не ме извести, напиша Северина.

Не е совесна

Инаку, српските медиуми пишуваат дека Северина во Белград пристигнала од Швајцарија и не се пријавила како совесен граѓанин дека престојувала во една од најзагрозените земји, па со самото тоа морала да помине две недели во изолација. Северина во Швајцарија имала настап на 7. и 8.март, а кога дошла во Србија не сакала да ги почитува српските вонредни мерки и слободно шетала низ градот.

Маркетинг

Како што пишува „Телеграф“ пејачката на Бежаниска коса била пронајдена од страна на полицијата и однесена кај санитарен инспектор. Тој и објаснил дека има обврска да се изолира на две недели кои најверојатно ќе ги помине на Бежаниска коса.


– Бидејќи од тогаш во меѓувреме два пати бев со синот, го предупредив на тоа и на судската одлука. И дојдов пред неговата белградска адреса, но подалеку од влезната врата не можев. Не ми дозволи ниту моето дете да ми мафне низ тераса или од врата, напиша пејачката.
Меѓутоа, нејзиниот поранешен сопруг Милан го тврди спротивното и вели дека навреме ја известил Северина за изолацијата.
– Јас Северина на време ја известив дека сум со синот во изолација. Меѓутоа, таа во својот карактеристичен дух на семеен насилник токму така на сила се обиде да го оствари своето право. Откако тоа не и успеа, таа како по обичај на помош ја повика јавноста и почна да манипулира така што пласираше лажи и неточни информации, со намера да го понижи таткото на своето дете кој води сметка за здравјето на нашиот син. Тоа на секој родител треба да му биде на прво место. Се надевам дека што поскоро ќе сфати дека со расипничко онесување, ништо не може да постигне, туку треба да почне да се однесува, одговорно, цивилизирано и воспитано – наведе Милан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button