Денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, а денеска ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија.Повеќе информации на прес-конференција во 15:00 часот во Владата на Република Северна Македонија, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
И покрај сериозноста на ситуацијата во Македонија па и во целиот свет, оние кои можат да бидат најпогодени од вирусот, баш и не се загрижени премногу. Имено на улиците низ Скопје пензионерите се шетаат како и претходно, односно тие како да не ги слушаат апелите од власта да не излегуваат, туку во голем број се на улиците, во банките, на шалтерите. Е сега, разбираме да направат едно крукче околу зградата или да појат до продавница доколку немаат никој друг да го направи тоа за нив, но никако не смеат да претеруваат.Но за жал од она што го видовме тие не ги почитуваат мерките: