Од оваа трка зависи судбината на планетава: Трки компании бараат вакцина против коронавирусот, едната ќе произведе милијарда дози (ВИДЕО)
Десетина компании и јавни лаборатории ширум светот работат на развојот на вакцини за да го спречат ширењето на вирусот сличен на грип. Во текот на последните 48 часа, три биотехнолошки компании посебно се најдоа во центарот на вниманието поради своите ветувања: BioNTech, CureVac и Moderna.
Овие три компании специјализирани се за терапевтски РНК (мРНК) терапии. Овие молекули на мРНК се користат за инструкција на телата да произведуваат сопствен имунолошки одговор во борбата против низа различни болести. Овој вид на вакцина потенцијално може да се развие и да се произведе побрзо од традиционалните вакцини.
„Модерна“ е биотехничка компанија со седиште во Масачусетс, која соработува со американските Национални институти за здравје (НИХ). Започна и првото испитување во понеделникот во Сиетл, Вашингтон.
Тоа се нарекува студија од „прва фаза“ и го спроведува НИХ. „Модерна“ исто така се подготвува за потенцијалната „фаза два“ од студијата кои би ги спровела сама.
Акциите на „Модерна“ пораснаа за 27 % во понеделникот на берза.
„БиоНТеч“, е германска биотехничка компанија која наводно најавилаа две стратешки партнерства за унапредување на развојот на вакцините. Се воспоставува соработка со Фосун-Фарма да ги унапреди напорите во Кина и со Физер тоа да работи надвор од Кина.
Аналитичарите од банката Беренберг велат дека се импресионирани од напорите на компаниите за брзо да влезат во сојуз со врвната светска фармацевтска компанија во Кина и тоа се смета за важна валидација на технолошката платформа за мРНК на „БиоНтеч“.
„БиоНТеч“ изгледа е најдобро позициониран во трката за КОВИД -19 благодарение на разновидноста на платформите на мРНК, податоците за испорака и за производните капацитети“, рече Беренберг во напомената за истражувањата.
„КјурВак“ е германска компанија која не е котирана на берза и која ова лето има за цел да тестира експериментална вакцина врз луѓето. Наводно е фатена во политички вкрстен оган меѓу Германија и САД, а Европската Комисија одреди 80 милиони евра финансиска поддршка за да им помогне да направат вакцина.
Во понеделникот „КјурВак“ извести дека „работи на проширувањето на своите производни капацитети за да биде во можност да обезбеди до милијарда дози за КОВИД-19″.