КАКО ПАДНАТ ОД МАРС: Познатиот актер помина две недели во пустина, кога се врати се шокираше, светот се смени засекогаш
Американскиот актер Џеред Лето на својот Инстаграм профил објасни дека бил во пустина, без телефон и дека не знаел за пандемијата од коронавирусот.
Имено, 48-годишниот оскаровец и музичар помина нешто помалку од две недели во пустина, каде се посветил на т.н. тика медитација, а по враќањето во цивилизацијата го дочекал, како што вели, вистински шок.
https://www.instagram.com/p/B90q7dpAnHW/?utm_source=ig_embed
„Вау. Пред 12 дена почнав со тивка медитација во пустина. Бевме тотално изолирани. Без телефони, без комуникација итн. Немавме поим што се случува надвор од „установата“. Вчера излеговме во целосно друг свет. Еден кој е сменет засекогаш. Умот запира, благо кажано. Добивам пораки од пријатели и семејството ширум планетава и дознавам што се случува. Се надевам дека вие и вашите сте добро. Ви испраќам позитивна енергиј на сите. Останете внатре (дома). Останете безбедни“, напиша тој.