Коронавирусот влезе во моето тело и му го одзеде животот на татко ми. Не правете го ова!
„Не правете ја истата грешка!“ предупредува млад Италијанец директно од креветот на интезивна нега
Вирусот влезе во моето тело и му го одзеде животот на мојот татк0. Тој влегува во вас, ги презема вашите гради и дишните патишта. Вака ја започнува приказната Џани Зампино (40) од Торино кој е заразен од корона вирус.
Тој преку социјалните мрежи реши да го сподели своето искуство и да ги повика сите да бидат внимателни.
„И јас како и многу други го потценив корона вирусот. Но морате да сфатите дека ова не е игра“ вели Џани Зампино во својот апел што го објави на социјалните мрежи:
„Бидете внимателни, останете дома со семејството“
Неговото видео во кое го пренесува своето искуство потекнува директно од интензивна нега каде вечерните часови ги минува на респиратор. „Сакам да го снимам ова видео бидејќи гледам дека премногу луѓе се уште не сфаќаат колку е сериозна работата со овој проклет вирус кој за десет дена потполно ми го уништи животот,“ вели 40 годишниот Џани.
Не може да спие, но и се уште не може да дише без помош на маската низ која добива кислород, а навечер мора да носи кацига која му овозможува да дише.
Во својата исповед Џани се потсетува дека само до пред неколку дена неговиот живот бил прекрасен. Работел како менаџер, се грижел за својот татко, имал свои хобија, вклучувајќи и многу спорт.
Имав и многу пријатели!
Тој исто така додава дека го потценил овој вирус, како и многу други. Мислел дека е политичка или војна кампања, превара, многу работи. „Но вирусот влезе во моето тело и му го одзеде животот на мојата најмила личност, а тоа беше мојот татко. Сите велат дека вирусот е како обичен грип. Но јас можам да ви кажам дека не е така, јас имам 40 години. Вирусот влегува во вас, ве презема, ги презема вашите гради и дишните патишта. Најлошо е што е непознат. Како можете да го победите противникот што не го познавате?“
„Малку се вистинските информации, многу повеќе има незнаење. Мојата порака е да будете внимателни, да останете дома со семејствата, да изгледате филм, прочитате книга, играте некоја игра.“
„Само заедно, ако ги следите овие правила ќе можеме да ги вратиме животите во свои раце“, порачува тој.
Исповед на жена од Милано
Морена Коломби (59) од мало гратче во близина на Милано, на 17 февруари се пријавила на лекар поради симптоми кои се својствени за обичниот грип. Но, и по неколку дена здрaавствената состојба не ѝ се менувала.
„Трипати сум преeживеала воoспaление на плуќа и по звукот на кашлицата знев дека нешто не е во ред. Се јавив во болницата Сако каде ми рекоа дека веќе немаат простории за изолација. Ме советуваа да одам во болницата во Тевиљо која е во близина на мојот дом. Веќе се чувствував многу боoлна и одлучив со автомобил да се пријавам во ургeнтниот центар. Кога ме хоспитализираа, ренгенот покажа дека имам пневмoонија“ – раскажува Италијанката кај која тестот за коронавирус бил позитивен.
Во наредните денови ѝ било подобро, чувството било исто како да има обичен сезонски грип, но страавувала за сите оние со кои била во контакт.
„Веднаш им се јавив на колегите, пријаателите, на семејството. Никој не можеше да ме посети во болницата, бев во изолација. Ми направија уште едно испитување и резултатите беа подобри. Ме пуштија по пет дена и ме советуваа уште две недели да останам во карантин. Со синот и со сестра ми разговарам преку скајп. Сѐ уште кашлам по малку, но оздравев“ – искрена е Морена.