Нови пет заболени од корона, Македонија се изолира – се затвораат сите гранични премини
Денеска кај пет лица е потврдено присуство на коронавирусот, а уште две лица се дијагностицирани во лабораторија на Клиниката „Жан Митрев.
Позитивни се четири лица од Дебар и една 54-годишна пациентка од Скопје која беше прегледана на Инфективната клиника која се вратила од Холандија ноќта меѓу 12 и 13 март. Развила симптоми еден ден претходно и денеска се јавила на преглед на Клиниката. Најдени се сите контакти од семејството, таа била во домашна самоизолација, контактирани се членовите на фамилијата, возачот на таксито кој ја возел од аеродром до дома, а во овој момент се контактираат 31 лице кои се вратиле со авионот кој пристигнал од Виена. Таа е со лесна клиничка слика и веќе се хоспитализирана. Со ова бројката на хоспитализирани на Клиниката е 14, рече Филипче.
Министерот за надворешни работи Никола Димтров упати апел до граѓаните да не патуваат
– Невообичаено е еден министер за надворешни работи да апелира да не се патува, но такви се состојбите. Мораме за ова да апелираме. Денеска на унгарско-српската граница околу 200 македонски граѓани беа заглавени и по комуникацијата со Романија и Бугарија, очекуваме утре наутро тие да се појават на македонскиот граничен премин Деве Баир. Ве молам немојте да патувате, повика министерот.
Мерките за борба против ширењето на вирусот понекогаш можат да бидат ефективни доколку се применуваат многу доследно. Пример е САРС, кој е потиснат од екстремно интензивни интервенции за јавно здравје во Кина, Тајланд, Виетнам, Канада и на други места. Овие мерки вклучуваат што честопати се повторуваше во последниве денови: откривање и изолирање на пациенти, карантин, забрана за разни собири, миење раце и сл.
Како и да е, треба да се има предвид дека во случајот со САРС, овие мерки беа многу ефикасни затоа што оние што беа најзаразни исто така беа многу болни, со јасни и генерално сериозни симптоми. Затоа, може да биде релативно лесно да се идентификуваат и изолираат навремено, пред да заразат многу луѓе.
Но, треба да се запомни дека САРС се врати во Торонто веднаш штом беа укинати мерките на претпазливост, откако првичниот бран беше добро контролиран. Вирус кој е потиснат, но не целосно искорен, може да се врати во нов бран или да се појави во некој џеб без имунитет.
Не, Ковид-19 не е како сезонскиот грип.Пред да ги наведеме клучните факти кои најверојатно нема да бидат потиснати ковид-19, ајде да повториме уште една важна работа – оваа болест е погрешно ако се спредува со грипот., А од друга страна, слушаат пораки од политичари и полу-експерти кои ги уверуваат. дека нема причина да се плашиме премногу, дека Ковид-19 е помалку опасен од сезонскиот грип за кој никој не е скоро толку возбуден.