Милан Станковиќ поради коронавирусот направи хаос на Инстаграм: Зарем и сега се делиме на богати и сиромашни?
Пејачот Милан Станковиќ објави на социјалната мрежа Инстаграм фотографија на која носи брендирана, нејверојатно памучна маска на лицето, па така покрена лавина коментари.
„Ми се смачивте со короната“, ја потпиша тој фотографијата и додаде срце, а потоа наиде на осуди од изнервирани фанови кои очигледно целата ситуација ја доживуваат многу посериозно.
Она што најмногу им пречеше е што пејачот носи маска од познат моден бренд, истакнувајќи дека така се делиме на „богати и сиромашни“, и кога вакво нешто сериозно е во прашање.
„Дали е реално да постојат и маркирани маски… Неверојатно на штолуѓето трошат пари. Океј е тој што има пари да си купи што сака, но залудно е да се трошат пари на маска која во аптека чини околу 100 динари, не можам да разберам. Уште сега и за маските да се делиме на богати и сиромашни…“, порача една девојка во коментарите.
https://www.instagram.com/p/B9wMTsBHfrm/?utm_source=ig_embed