Конечно убави вести – почна клиничкото испитување на вакцината против коронавирусот!
Експериментот ќе се изврши во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл, а ќе го спроведе Националниот институт за здравје.
Клиничкото испитување за оценка на вакцината наменета за заштита од новиот корона вирус ќе започне денес, кога треба да се вакцинира првиот пациент.
Експериментот ќе се изврши во Институтот за истражување на здравјето во Сиетл, а ќе го спроведе Националниот институт за здравје.
Како што се наведува, потребно е од 12 до 18 месеци за било која вакцина потполно да биде потврдена.
Инаку деновиве и порталот „Тајмс оф Израел“ објави дека државниот израелски институт „Мигал Галиле” веќе четири години работи на вакцина која би можела да се користи за различни видови на вируси, и може да се прилагоди и за Ковид-19. Вакцината наскоро треба да биде спремна за тестирање, но нема да биде достапна за употреба со месеци заради долготрајното и понекогаш бирократски постапки кои се потребни во процесот на тестирање и одобрување.
Член на лекарскиот тим Хан Кац изјави за наведениот портал дека во прашање е нова, орална вакцина против корона вирусот, која би можеле да ја земат и возрасни и деца. Со неа симптомите на вирусот би се претвориле во многу лесна настинка, а многумина не би го имале ни тоа.
Вакцината ќе содржи посебно произведени протеини.