Реклама
Вирално

Филипче: „Oва е единствениот начин да го спречиме ширењето на коронавирусот! Италијанците не беа свесни за тоа!“

Реклама

Во овој момент нема промена во бројот на заболени од коронавирусот, а непроменета е и состојбата на заболените.

Ова го изјави денес министерот за здравство Венко Филипче за „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“.

Маркетинг

Тој воедно и додаде дали ќе се прогласи вонредна или кризна состојба е небитно. Важно е да се имплементираат мерките кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен.

„Битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен. Ние направивме и спроведовме мерки во времето кога другите земји тоа не го направија. Тоа е суштината во справување со овој проблем. Што помалку движење, помали шанси да се пренесе вирусот. Во Италија имаше сценарио во кое многу носители не беа свесни“.

Маркетинг

„Затоа сакаме да стивнат движењата. Тоа е единствениот начин да се спречи инфекцијата“, истакна Филипче.

„Во однос на заболените, Филипче рече дека нивната состојба е непроменета, но тоа не мора ништо да значи. Компликација може да настапи во било кој момент“.

„Нема новопријавени пациенти“, нагласи Филипче во емисијата „Утрински брифинг“.

Неколку работи што треба да ги знаеме:

Корона вирусот во следните неколку недели и месеци ќе се шири со голема брзина и ќе инфицира минимум две третини од луѓето. Ништо нема да се промени и кога ќе стане потопло и кога ќе помине класичниот период на грипот, вели Кристијан Достен, главниот вирусолог во берлинската клиника „Шарите“, за порталот Дојче Веле.

Инфекцијата кај повеќето инфицирани ќе има благ тек. Па така повеќето луѓе во текот на есенските месеци, кога се очекува следниот бран вируси и настинки, ќе имаат антитела против SARS-CoV-2, вели овој познат вирусолог.

Треба да се води сметка за постарите

Најзагрозени се постарите луѓе, кај кои стапката на cмpтнocт од 65 години нагоре почнува експоненцијално да се зголемува. Во Кина на пример, оваа бројка помеѓу инфицираните стари лица до 40 години е 0,2 отсто, од 70 и 79 години – 8 отсто, а кај постарите од 80 години – 14,8.

Затоа следните недели првенствено треба да внимаваме како подобро да ги заштитиме постарите луѓе, посебно оние што се болни или претходно биле болни од некои други болести. Таа ризична група би требало да избегнува големи собири, концерти и слично. Повеќето што ја изгубиле битката со вирусот и претходно биле болни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button