Наместо во изолација, отишол да пие во кафана – веднаш е уапсен и му се заканува затвор од три години заради коронавирусот!
Маж од Варварин во соседна Србија заради кршење на наредбата на самоизолација од 14 дена која му била одредена од санитарната гранична инспекција на Министерството за здравје беше приведен од полицијата.
Тој го сторил кривичното дело Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија и наместо во домашна изолација, која му ја одредила санитарната гранична инспекција на Министерството за здравје на Србија по враќањето во земјата од странство, тој заминал во кафеана и го прекршил законот. По сослушувањето, обвинителството му одреди надзор од полиција во самоизолацијата, а ќе му поднесат и кривична пријава.
За кривично дело во Србија може да добие парична казна или казна до три години затвор Непостапување по здравствените прописи за време на епидемија. Во оваа земја вчера беше воведена вонредна состојба и сите државјани што доаѓаат од подрачјата кои се заразени од корона вирусот ќе мораат да бидат во самоизолација – карантин од 14 дена.
Ова може да ви се случи и во Македонија
Имено, строги казни и санкции ги очекува и оние што ќе пристигнат на нашата граница од земјите кои во овој момент се сметаат за ризични или средно ризични (Кина, Италија, Шпанија, Германија, Швајцарија) каде што има голем број заразени со коронавирус, и нема да ги следат препораките и упатствата, односно нема веднаш по пристигнување во земјава да се стават во самоизолација.
На ова лично повика и премиерот Оливер Спасовски кој најави казни за оние кои во земјава ќе пристигнат од овие земји. Тие откако ќе пристигнат веднаш треба да се стават во самоизолација од 14 дена и на тој начин да се заштитат и себе, своите блиски но и сите граѓани. Нивните постапки ќе бидат следени од полициски службеници и доколку се утврди непочитување, тогаш ќе добијат строга санкција.