Реклама
Вирално

Нашинец кој е во карантин во Италија: „Вирусот е многу опасен, има многу жртви. Не одиме на работа и не смееме да излеземе од дома“

Реклама

Моменталната состојба тука е страшна, вирусот е многу опасен, а има и многу жртви, вели за „Фокус“ еден нашинец кој  веќе долги години живее во Италија.

Во Италија ситуацијата со епидемијата од корона вирусот е застрашувачка. Починати се 1.809 лица, од кои 368 во последниве 24 часа.

Маркетинг

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најави дека сите продавници ќе бидат затворени освен аптеките и продавниците за храна, а овие мерки потоа беа и спроведени.

„Од утре нема да одиме на работа, а децата речиси еден месец не се на училиште. Им продолжија до 3 април“, вели Муамер, а пренесе Фокус. Тој по потекло е од Долно Косоврасти, дебарско, еден од регионите во Македонија кои во моментов се во кризната зона и под посебен режим.

Маркетинг

Тој додава дека се е затворено, освен продавниците за храна и аптеките. Од дома не излегуваат, освен до продавница или аптека, или за некоја итна потреба.

Затворени се 7 локали кои не ја почитуваа мерката на Владата

Од МВР вечерва информираат дека се затворени седум локали во Скопје што не ја почитуваа мерката на Владата.

„Министерството за внатрешни работи-СВР Скопје во координација со Државниот пазарен инспекторат денеска попладне (15.03.2020) презеде мерки за затворање локали во северниот дел од Скопје што не ја почитуваат одлуката на Владата. Затворени се вкупно седум локали. Локалите ќе бидат затворени до завршување на мерката која е донесена од страна на Владата на РСМ, велат од МВР.

Не ризикувајте го својот живот, но и животот на другите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски уште еднаш ги повика граѓаните, особено младите, да ги почитуваат целосно мерките за заштита од корона вирусот бидејќи во спротивно ги ризикуваат своите, но и животите на нивните семејства. Тој во неговото последно он-лајн интервју ги повика оние кои се уште однесуваат лагодно, и не го почитуваат своето семејство и го изложуваат на ризик, да се приклучат на мерките.

– Сите треба да ги почитуваме мерките на епидемилозите, бидејќи само така можеме да се заштитиме, да останеме здрави, да се справиме со состојбата и да не дојде до ширење на вирусот. Јавната свест е на ниско ниво и затоа мерките се зајакнати, целосно се затворени кафаните, рестораните, моловите, кладилниците за да влијаеме на граѓаните да го сменат своето однесување, истакна Спасовски и како пример ги наведе собирање на младите на Водно.

Вели дека полицијата превентивно реагира, но не може секаде да стигне и затоа апелира да се пријави секое поголемо собирање луѓе и јавно да им се укаже дека со тоа го ризикуваат својот и животите на другите. Со таквото однесување, нагласи, се намалува и ефикасноста на мерките.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button