Познат вирусолог објасни зошто во следните неколку недели од коронавирусот ќе се разболат две третини од луѓето
Според досегашните податоци мажите, жените и децата подеднакво се инфицираат од вирусот корона.
Но последиците се различни во зависност од полот и староста. И претходните заболувања имаат одредена улога.
Еве неколку работи што треба да ги знаеме:
Корона вирусот во следните неколку недели и месеци ќе се шири со голема брзина и ќе инфицира минимум две третини од луѓето. Ништо нема да се промени и кога ќе стане потопло и кога ќе помине класичниот период на грипот, вели Кристијан Достен, главниот вирусолог во берлинската клиника „Шарите“, за порталот Дојче Веле.
Инфекцијата кај повеќето инфицирани ќе има благ тек. Па така повеќето луѓе во текот на есенските месеци, кога се очекува следниот бран вируси и настинки, ќе имаат антитела против SARS-CoV-2, вели овој познат вирусолог.
Треба да се води сметка за постарите
Најзагрозени се постарите луѓе, кај кои стапката на cмpтнocт од 65 години нагоре почнува експоненцијално да се зголемува. Во Кина на пример, оваа бројка помеѓу инфицираните стари лица до 40 години е 0,2 отсто, од 70 и 79 години – 8 отсто, а кај постарите од 80 години – 14,8.
Затоа следните недели првенствено треба да внимаваме како подобро да ги заштитиме постарите луѓе, посебно оние што се болни или претходно биле болни од некои други болести. Таа ризична група би требало да избегнува големи собири, концерти и слично. Повеќето што ја изгубиле битката со вирусот и претходно биле болни. Според анализите на Светската здравствена организација кои беа спроведени во Кина, загрозени пред сé се постари луѓе со болести на срцето и крвните садови, дијабетес, висок крвен притисок, хронични заболувања на дишните патишта и канцер.
Зошто мажите се позагрозени од жените?
Според СЗО, мажите многу почесто заболуваат од вирусот SARS-CoV отколку жените. Па така стапката на cмpтнocт во Кина меѓу мажите во средината на февруари беше 2.8 отсто, а меѓу жените 1,7. Слични бројки беа и во 2009 година кога во Хонг Конг изби SARS. А и во нормалниот сезонски грип потешко минуваат мажите од жените.
Тоа е така затоа што имуниот систем на жените е поотпорен. За тоа пред се одговорен е хормонот естроген кој го поттикнува работата на имуниот систем и силно се бори против предизвикувачот на болеста. Машкиот тестостерон, за разлика од него, го блокира имуниот систем.
Постојат и генетски причини, како што тоа за Дојче Веле го изјави молекуларниот биолог Томас Пичман.
Но покрај генетските предиспозиции важен е и начинот на живеење. Мажите почесто живеат понездраво од жените. На пример во Кина, околу 52 отсто од мажите се пушачи, додека ни три отсто жени. А белите дробови кои се нарушени од пушење се најосетливи на овој вирус.
Симптоми што ги имаат заразените
Според српскиот епидемиолог и заменик директорка на Институтот за јавно здравје на Србија, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, треба да бидеме свесни дека повеќето од оние кои ќе бидат во контакт со вирусот корона нема ни да знаат дека го имаат и ќе имаат благи симптоми. Таа вели дека отприлика еден од петмина инфицирани ќе има симптоми кои ќе бараат посета на доктор, а може да се случи некој да е асимптоматски преносител, и кај него само случајно може да се открие вирусот, бидејќи нема никакви симптоми и знаци кои се карактеристични за оваа болест.
Кога се во прашање благите симптоми, оваа докторка истакнува дека тоа најчесто се блага температура, слабост, малаксалост, болка во мускулите, односно симптоми кои генерално многу личат на симптомите што ги имаме при настинка. Доколку имаме било кои од овие симптоми треба да останеме дома за да не ја шириме инфекцијата околу себе, нагласи таа.