Реклама
Вирално

Се тестираат две родилки од Македонија – колку коронавирусот е ризичен за бремените жени?

Реклама

Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека во моментов уште кај седуммина граѓани се проверува дали се заболени од корона вирус.

Во прашање се граѓани од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија. Тоа се пациентите од Штип, Куманово и Кичево. После неколку дена од враќањето развиле висока температура, и сега се во одделите за изолација и во текот на денот треба да бидат готови резултатите. Понатаму, од Охрид еден пациент и две родилки, кои вчера се донесени од Дебар.

Маркетинг

Едната е донесена во болницата во Охрид, а другата е во Скопје. Тие се во стабилна состојба, изјави Филипче на прес-конференцијата.

Како што напомена бремените жени не се непосредно пред породување, меѓутоа ќе се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето.

Маркетинг

Тој изјави дека сите 13 пациенти кои се во болница и кај кои беше потврден корона вирусот, се во стабилна здравствена состојба.  Само првата пациентка од Дебар е на распираторна машина. Сите други се со лесна клиничка слика, вклучувајќи го 15 годишното момче.

Министерот денеска истакна и дека е донесена одлука да се мобилизира целиот медицински персонал, во насока на справување со корона вирусот. „Целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, ги мобилизираме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување во установите каде што ќе биде потребно“, рече Филипче.

Министерот им се заблагодари и на приватните болници кои на располагање ги понудиле своите капацитети. Тој истакна дека во насока на превенција, Клиниките нема да ги одржуваат своите утрински стручни колегиуми, а се одложуваат и сите интервенции кои може да се одложат. „Се одложуваат сите хронични пациенти, на кои може да се одложи интервенцијата. Се третираат само итните и малигни случаи каде што нема простор за одложување“, изјави Филипче.

Детската клиника во Козле ќе се подготви за примање на деца евентуално заболени од коронавирус

„Сите сега хоспитализирани пациенти ќе бидат префрлени на лекување на Клиниката за педијатрија со цел децата да бидат изолирани од возрасните и другите деца кои се лечат од друга патологија“, изјави на прес-конференцијата Филипче.

Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа, нагласи Филипче, во разговор со претставници на МВР, била стабилна и нема нарушување на јавниот ред и мир. Тој исто така апелираше до граѓаните да останат дома и своето движење да го сведат на минимум, односно само за неопходните потреби и да ги почитуваат мерките и препораките на властите.

Бремените жени не се во ризичната група

Досега ниту една бремена жена не го изгубила животот од овој вирус, а новороденчињата не се одвојуваат од своите мајки.

За разлика од грипот, бремените жени не влегуваат во еизична група кога е во прашање развивање а потешки симптоми на корона вирусот. Иако податоците се ограничени, епидемиолозите од Обединетото Кралство ги смируваат идните мајки. Според податоците од Кина, добиени од следењето на состојбата кај 147 заразени бремени жени, само 8 % од нив имале сериозни симптоми, а само 1 % посериозно биле болни.

Дали бремените жени може да им пренесат коронавирус на неродените деца?

Во овој момент нема доволно докази за да се утврди дали вирусот се пренесува од мајката на бебето за време на бременоста, или потенцијалниот ефект што може да го има врз бебето. Ова се истражува во моментов.

Бремените жени треба да продолжат да ги следат соодветните мерки на заштита од изложеност на вирусот, и веднаш да побараат медицинска помош ако имаат симптоми на треска, кашлица или отежнато дишење.

Дали е безбедно мајката да дои ако е заразена со коронавирус?

Сите мајки во погодените и во подрачјата на ризик кои имаат симптоми на треска, кашлица или отежнато дишење, треба веднаш да побараат медицинска помош и да ги следат инструкциите од својот лекар.

Со оглед на придобивките од доењето и малата улога на мајчиното млеко во пренесување на други респираторни вируси, мајката може да продолжи со доење, спроведувајќи ги сите потребни мерки на претпазливост.

За мајките со симптоми кои се чувствуваат доволно добро за да дојат, ова значи да носат маска кога се во близина на детето (и при хранење), да ги измијат рацете пред и по контактот со детето (како и при хранење), и да ги исчистат/дезинфицираат контаминираните површини – како што треба да се направи во сите случаи кога некој со потврден или суспектен КОВИД-19 комуницира со другите, вклучувајќи ги и децата.

Ако мајката е премногу болна, треба да се охрабри да се молзе и млекото да му го дава на детето преку чиста чашка и/или со лажиче – истовремено следејќи ги истите начини на превенција.

Извор: Гламур, Уницеф, Телеграф

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button